„Амстердамската тројка“ не гледа ништо лошо во тоа што САД сака да ја сруши македонската Влада!

„Амстердамската тројка“, во рамките на балканската кампања против премиерот Никола Груевски, денеска одржа прес конференција за новинарите во Белград. Тие од белградскиот Медија центар порачаа дека Груевски мора да си оди, бидејќи сѐ уште не успеал Македонија да ја внесе во НАТО.На прес конференцијата зборуваа поранешниот министер за здравство, д-р Владимир Лазаревик, поранешниот директор на разузнавачката и контраразузнавачката агенција Горан Митевски и Јове Кекеновски. Барањето на амбасадорот на САД да се тргне Груевски од позицијата, тие го оценија како „легитимно однесување“, а не како мешање во внатрешните прашања на Македонија.
За неодамнешниот напад врз караулата во Гошинце, тие оцениле дека Груевски сам го исценирал нападот. Дури и навеле дека „за среќа, косовските власти веднаш изјавиле дека не бил забележан премин преку косовската граница“.
Лазаревик на самиот почеток го обвини Груевски за медиумски марк (иако подоцна не дел одговор на новинарското прашање – ако постои медиумски мрак, како тогаш цела Македонија е запознаена со аферата од нелегалното прислушување на Заев).
Тој оцени дека политичката криза во Македонија започнала на 31 јануари, кога Груевски предупреди дека државата е нападната од странски служби.
„Ние не веруваме во таа приказна“, истакнал Лазаревик, кој смета дека Македонија целосно скршнала од патот кон интеграцијата во ЕУ.
Тие ги нападнаа српските воено-политички аналитичари, меѓу кои и Лазански, дека даваат непотврдени теории кога станува збор за нападот врз караулата, бидејќи „сметаат дека ниту на Брисел, ниту на Вашингтон не им одговара дестабилизацијата на Македонија“.
На прашашето на порталот „Факти“, што точно барал американскиот амбасадор Џес Бејли, Лазаревик рекол:
„Мислам дека пораката на амбасадорот Бејли беше дека некој мора да сноси одговорност, а кога премиерот ќе поднесе оставка, тоа ќе значи дека ќе падне Владата. Не мислам дека амбасадорот прецизираше кој точно од министрите треба да си оди, туку наведе дека тоа треба да биде Груевски. Тоа беше пораката“.

Факти: Од кои, односно од амбасадорите на чии земји ги добивте пораките за тоа како треба да изгледа Владата на Македонија?
„Американците се секогаш поексплицитни во барањата. Европа подипломатски се однесува. Но, пораките од Европа се сѐ посериозни и верувам дека во иднина ќе пристигнуваат порадикални пораки.
Факти: Што точно кажува тоа за суверенитетот на Македонија, кога американскиот амбасадор смее да побара оставка од премиерот?
„Кога оној кој е најодговорен во земјата се однесува како политички аутист, секако дека тогаш улогата на една од најмоќните држави во светот е да го побара она што премиерот не може сам да го согледа. Ние максимално позитивно гледаме на тоа и немаме никаков проблем. Мислиме дека Груевски е оној што го руши суверенитетот на Македонија, а не некој од страна. Сакаме да ја вратиме слободата на Македонија“.
Факти: Зошто Груевски не сака Македонија да влезе во НАТО?
„Затоа што таму постои контрола и одговорност. Груевски пред сѐ не сака Македонија да влезе и во ЕУ“.
Факти: Зошто не во ЕУ?
„Затоа што таму има одговорност и правила на игра. Не можете да се однесувате како што сакате“.
Факти: Што е тоа што не би смеело да се прави во Македонија кога би била членка на ЕУ?
„Прво – бруталниот криминал. На брутален начин се уништуваат човековите права. Кој смее да го прави тоа денес, во нормалниот свет?“
Факти: Тоа значи дека во ЕУ нема прислушувања? Ниту во Америка?
„Не го реков тоа. Не, не го реков. Меѓутоа, ние ги бараме демократските вредности на ЕУ“.
Факти: Дали тие демократски вредности подразбираат американскиот амбасадор или било чиј амбасадор да смее да ѝ каже на една суверена држава: твојот премиер мора да си оди?
„Видете, тоа за мене не е проблем. Никаков проблем. Тоа е порака. Нема ништо спорно во тоа што ни го кажаа Американците. Замислете да не кажат? Замислете да бидат неутрални!? Да стојат настрана и да речат: тоа е ОК. Па, не е ОК“.
Факти: Со која брзина Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО, ако и доколку се смени владата и дојде преодната влада која ја најавувате веќе три месеци?
„Преодната влада не може сама по себе брзо да го заврши тоа, но новата влада по неа неверојатно брзо ќе го реши проблемот: за пет години од преземање на власта. Оваа влада за девет години ги уназади сите процеси за интеграција едно 100 години наназад и сега сме таму кадешто беше Гоце Делчев. Ние не го сакаме тоа. Имаме друг правец.“
Факти: Дали тоа значи дека за вас не постои никаква алтернатива за тоа Македонија да влезе во ЕУ и НАТО?
„Алтернатива во која смисла?“
Факти: На пример, да ја уредите Македонија по углед на земјите кои не се членки на ЕУ, но се наоѓаат во еврозоната, кои се воено неутрални и слично?
„Не. Ние немаме таков интерес. И Македонија и целиот регион припаѓаат на ЕУ. Ние не можеме да се изолираме. Нашиот регион е специфичен и ако не биде во ЕУ, секогаш ќе постои можност за потенцијален конфликт.
Факти: И Грција се наоѓа во регионот, но во ЕУ се разгледува можноста Грција да ја напушти еврозоната, па дури и НАТО?
„Тоа е веќе друго прашање. Не можам да зборувам за нивната политичка ситуација, бидејќи тоа е нивно внатрешно прашање“, изјавил Лазаревик за крај.
Извор и фото: fakti.orgНа прес конференцијата зборуваа поранешниот министер за здравство, д-р Владимир Лазаревик, поранешниот директор на разузнавачката и контраразузнава

Пронајдете не на следниве мрежи: