Ана и Дамјан најпопуларни имиња во општина Аеродром за 2016, погледнете кои се за оваа година

Во изминатата 2016 година, градоначалникот на општина Аеродром додели најмногу, досега рекордни, 808 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, од кои речиси подеднакво беа машки и женски, односно имаше вкупно 406 машки деца, а 402 женски деца.Од нив 495 се првородени деца, а 284 се второродени, во 25 семејства има трето дете, 4 се четвртородени.
За разлика од предходните години, и во изминатата 2016 година, најчесто име што им се давало на девојчињата од општина Аеродром е Ана, а кај момчињата Дамјан, но оваа година имаме и нов „победнички“ пар на имиња, а тоа се Јован и Јована. Исто така, има и многу деца кои се викаат Јана, Петар, како и Марко. Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што Кирјана, Лана, Бела, Лена, Дарин, Зои, Доротеа…
Во општина Аеродром секоја година има сѐ повеќе новородени деца и ние искрено се радуваме за тоа. На сите семејства им честитаме за новиот член во семејството и истакнуваме дека и годинава продолжуваме со проектот еднократна помош на секое семејство со новороденче во општина Аеродром, во висина од 5.000 денари.
Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2017 година на подрачјето на општина Аеродром може да се симне на следниот линк: https://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
Инаку, изминатиот викенд (1.4.2017 година) градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, додели над 150 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња.Од нив 495 се првородени деца, а 284 се второродени, во 25 семејства има трето дете, 4 се четвртородени.
За разлика од предходните години,

Пронајдете не на следниве мрежи: