(Фото) Општина Аеродром: Ново современо спортско игралиште во Основното училиште „Блаже Конески“

Во завршна фаза е изградбата на новото спортско игралиште од 360 м2 наменето за кошарка и одбојка во рамките на ООУ „Блаже Конески“ во населба Мичурин, извести Општина Аеродром.

„Во моментов се изведуваат завршните работи за боење и уредување на спортската површина, изведена со современа трислојна лиена гумена подлога со висока издржливост, погодна за сите временски услови.

Материјалите што се вградуваат се безбедни за здравјето на корисниците и за животната средина, со што се создава уреден и сигурен простор за спорт, дружење и поттикнување на физичката активност и тимскиот дух.

Аеродром добива уште едно место повеќе за активни, здрави и среќни деца“, соопшти Општина Аеродром.

The post (Фото) Општина Аеродром: Ново современо спортско игралиште во Основното училиште „Блаже Конески“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: