Почетокот на сезоната за тенис во 2017 година е тука, а веќе се шират новости. Ана Ивановиќ на социјалните мрежи најави дека „ќе сподели нешто важно со нас, во живо“.Објавата ќе ја направи на својот Фејсбук профил во точно 18 часот по британско време или во 17 часот по македонско време.
„Драги мои пријатели и поддржувачи. Вклучете се на мојот Фејсбук профил утре во 18 часот по британско време, имам нешто многу важно да споделам со вас. Погледнете го моето видео во живо. Се гледаме утре!“ – напишала таа на своите профили на социјалните мрежи.
Што ќе биде најавата? Многумина започнаа да шпекулираат дека е бремена и дека заедно со нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер го очекуваат своето прво дете.
Според Хозе Моргадо, тениски новинар од Португалија, Ивановиќ се откажала од „ASB Classic“ кој се одржува во Окленд од 2 до 7 јануари.
Сепак, ако станува збор за предвремено пензионирање би било на големо изненадување на сите со оглед на тоа што Ивановиќ има само 29 години.
Објавата ќе ја направи на својот Фејсбук профил во точно 18 часот по британско време или во 17 часот по македонско време.
„Драги мои