Довчерашната потпретседателка на СДСМ, професорката Ана Павловска Данева, коментирајќи го ставот на Јани Макрадули дека е против промената на статутот на партијата, напиша дека демократски и сосема нормално е во една партија да има различни мислења.
На статусот на Макрадули каде тој смета дека е против промената на статутот „бидејќи именувањето и разрешувањето од страна на еден човек (добро два), ниту има врска со демократски процедури, а за некакво јавно пролкамирано единство и да не зборуваме“, коментирале и членови на партијата, од кои некои се согласуваат, а некои не го делат мислењето на Макрадули.
Ана Павловска Данева индиректно му дава поддршка на Макрадули со ставот дека „белки новото раководство не доби мандат да се справува со своите членови што поинаку мислат за одредени прашања”.
– Дечки бе, дај освестете се. Не е Јани, ниту кој било наш член, активист или симпатизер што има сопствен став цел на нашата борба. Белки новото раководство не доби мандат да се справува со своите членови што поинаку мислат за одредени прашања, туку за да нѐ донесе до победа, да понуди концепт за рушење на режимов. Навистина ли посакувате да сте членови на партија во која нема да има различни мислења, дискусии, дебати, дури ни кога е во прашање менување на суштински одредби од статутот? Па, тогаш по што ќе се разликуваме од Груевски и неговото водење на партијата, а за жал и на државата – искоментирала Павловска Данева.
Како што може да се забележи, на политиките на тандемот Заев – Шеќеринска, покрај од Макрадули му недостасува силната поддршка и од други видни пратеници од актуелниот состав на СДСМ во Собранието, од типот на Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ, Наташа Савова, Игор Ивановски, што не беше случај со поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, од кои уживаа огромна поддршка.
По само еден месец од изборот на Зоран Заев за претседател на партијата и објавувањето на неговиот тим на чело со Радмила Шеќеринска, се потврдија сомневањата на експертите дека стапувањето на функција на “новиот” тим ќе внесе поделеност, раскол и раздор помеѓу членовите од врвот на СДСМ.
Новото раководство на СДСМ, спротивно од очекувањата, се соочува со многу проблеми, несогласувања и поделби внатре во партијата уште од самиот старт.
Извор: КурирДовчерашната потпретседателка на СДСМ, професорката Ана Павловска Данева, коментирајќи го ставот на