Разводот на естрадниот пар Ана Севиќ и Дарко Лазиќ очигледно нема да биде безболен и без тешки зборови. Како што дознава Блиц пулс, пејачката смислила план како лагодно да живее и без сопругот, но со негова помош, без оглед на тоа дали тој тоа го сака или не. Ана, како што се дознава, ангажирала адвокат кој ќе и помогне во реализација на незјината замисла да го уништи Дарко.Пејачката е решена на Лазиќ да му земе се што може. Таа сака да го наруши неговиот углед со приказните дека ја изневерувал, иако пријателите тврдат дека двајцата биле неверни. Ана ангажирала адвокат на кој му дала список на движен и недвижен имот кој сака да го има на свое име, како и висока алиментација како би продолжила со луксузниот живот.
-Ана многу добро знае колку Дарко заработува и дека е еден од најбараните, но и најплатени пејачи на естрадата, па затоа решила да земе дел од колачот. На неа секако ќе и остане станот во елитниот дел на Белград, каде заедно живееле со години, бидејќи таа уште на почетокот пресметала се, па издејствувала станот да биде на нејзино име. Меѓутоа таа сака да го задржи и автомобилот кој го вози, а кој припаѓа на Дарко, како и уште една недвижнина која би ја барала за ќерката. Од друга страна таа ќе игра на картата дека заради семјството ја запоставила кариерата, за тој да и обебзеди луксузен живот каков што водела досега. Планира да му бара Лорена да оди во приватно училиште, како и тој да продолжи да ја плаќа градинката, дадилките и домашните помошнички кои досега ги имале благодарение на неговите финансии – рекол извор близок на пејачката.
Работата да биде полоша Дарко ќе се согласи на се за повеќе да ја гледа ќерката, но пријателите го убедуваат да биде умен и да не и дозволи својот план да го спроведе во дело.Пејачката е решена на Лазиќ да му земе се што може. Таа сака да го наруши неговиот углед со приказните дека ја изневерувал, иако пријателите тврдат