Анабела од Скопје: Продавам секс зошто е единствената работа во која уживам

Најтешко ми паѓаат садо-мазохистичките барања, јас едноставно не можам да ги удирам со камшик по задникот. Не сакам насилство, вели триесетгодишната Анабела, која денеска ќе маршира со стриптизери, ескорт-дами, хотлајн-операторки, масерки- Повеќето луѓе ме викаат курва, проститутка, но не ми пречи, бидејќи тоа е мој избор, моја работа и мој живот. Но, сепак, јас сум сограѓанка, комшивка, сестра, ќерка, пријателка, но и продавачка на љубов и сексуални задоволства. Имам триесетина години, а веќе 13 години заработувам продавајќи сексуални задоволства. Уште кога наполнив 18 години сфатив дека ниту една друга работа не ме исполнува. А и не сакав никој да ме злоупотребува за мала плата. Решив станбеното и животното прашање сама да си го решам, да заработувам за живот со единствената работа што ми причинува задоволство, а тоа е сексот. Во почетокот бев изгубена, многупати бев во неволја поради тоа, но сега добро знам што правам, вели Анабела, која денеска ќе маршира со стриптизери, ескорт-дами, хотлајн-операторки, масерки, активисти за човекови права и нивни поддржувачи за да укаже на лошите работни и животни услови на, како што се нарекуваат, сексуалните работници во Македонија.

Марш на црвениот чадорДенеска во 12 часот луѓе со црвени чадори ќе маршираат низ центарот на Скопје. Маршот ќе почне од улица Македонија, а ќе заврши на плоштадот Kарпошово востание во Скопје. Него го организира граѓанската Иницијатива за унапредување и промоција на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР и годинава се приклучува кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден против насилството врз овие луѓе.- Од името на големиот број сексуални работници ќе ја пренесеме загрижувачката состојба за безбедноста и условите во кои живеат и работат. Во последните неколку години, најлошите и најраспространетите насилства врз сексуалните работници произлегуваат од хистеријата поврзана со трговијата со луѓе, пропаганда што предизвикува морална паника и од која стравуваат и самите сексуални работници – вели Борче Божинов, од здружението СТАР-СТАР.Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената е боја на убавината, а чадорот штити од надворешни влијанија, лоши клиенти, макроа и слично. Апел до сите жени Сексуалната работа е размена на пари или на стока за сексуални услуги, без разлика дали е редовно или повремено, вклучувајќи ги и мажите и жените. Анабела, жената што 13 години заработува како сексуална работничка, вели дека била и на улица, барала муштерии и по кафеани и по пријатели. Сега има постојани клиенти, кои се навраќаат, па така е сигурна со кого има работа. Но, таа е во животна опасност кога првпат работи со непознат човек. – Секојдневно трпам различно насилство – психичко, физичко, сексуално и економско, но поради криминализацијата, не можам да ги пријавам случаите на насилство, ја сум од другата страна на законот. Шlаканиците што ги примам не ја болат државата, ме болат мене. Свесна сум дека мојата работа е морално неприфатлива, но сум свесна и дека сум благодарна ќерка, љубезна сосетка, добра пријателка и чесен човек. Проституцијата постоела и ќе постои во сите држави на сите простори и во сите времиња и независно од ничија волја. Тоа е најстар занает на светот. Не жалам за ниту еден ден – вели Анабела и додава дека денеска ќе се појави на маршот за да го сврти вниманието на сите жени чии мажи доаѓаат кај неа, на сите мажи што ќе дојдат и сакаат да дојдат кај неа.- Но, јас не сум предмет, јас сум жена што продава секс-задоволства. Решена сум и фискална сметка да издавам само ако знам дека утре пред законот ќе бидам заштитена. Најтешко ми паѓаат садо-мазохистичките барања, јас едноставно не можам да ги удирам со камшик. Не сакам насилство – вели Анабела.
ЦРВЕН ЧАДОР Е СИМБОЛ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ПРОСТИТУТКИТЕ
Седумнаесетти декември е Меѓународен ден на борбата против насилството над сексуалните работници – проститутките. Овој датум од 2003 година се одбележува во цел свет, особено во државите каде што сексуалната работа – проституцијата е илегална и криминализирана. Изворно е осмислен како ден на сеќавање на 49 сексуални работнички што ги уби серискиот убиец Греен Ривер Kилер.
Извор: Дневник- Повеќето луѓе ме викаат курва, проститутка, но не ми пречи, бидејќи тоа е мој избор, моја работа и мој живот. Но, се

Пронајдете не на следниве мрежи: