Не стивнуваат реакциите во јавноста по изјавите на опозицискиот лидер за двојазичноста, новиот Рамковен договор, федерализацијата и обвинувањата на сметка на Македонија за односите со соседите федерализацијата и обвинувањата на сметка на Македонија за односите со соседите.Последната таква изјава Заев ја имаше пред албанската и македонската дијаспора во Берн, од каде порача дека ќе бара проширување на рамките на Охридскиот договор за поголема еднаквост и рамноправност во земјава.
Новинарот Васко Ефтов смета дека целта не е само привлекување на што е можно поголем број албански гласови, туку и предизвикување на внатреалбански конфликт.
-Мене не ми пречи Заев да биде Заколи, на пописот да се пише како Албанец, но кога станува збор за една државна политика, таа работа станува сериозна. Ако направиме одредена политичка анализа кои се мотивите за тоа што го прави, едниот мотив на пример да е гласови, но колку гласови Заев со таквите изјави може да добие. На крајот на краиштата на Заев му требаат гласови во четвртата изборна единица, бидејќи таму се определува кој ќе биде новиот премиер на Република Македонија, а таму не гласаат Албанци. Втората можност е да добие пари, но толку многу фирми се изрекетирани во изминативе две години што СДСМ сега има сериозно многу пари со кои ќе истрча на изборите. Третата можност е тој да се чувствува визионерски, вели Ефтов за Канал 5 .
Според аналитичарот Алберт Муслиу, пак, секоја тенденција насочена кон зголемување на хармонијата помеѓу етничките заедници во Македонија е за поздравување.
Познавачите коментираат и дека првиот човек на СДСМ треба да биде свесен за дека ваквите изјави и водат кон нарушување на унитарноста и безбедноста и кон физичка делба на државата.Последната таква изјава Заев ја имаше пред албанската и македонската дијаспора во Берн, од каде порача дека ќе бара проширување на рамките на Охрид