СДСМ го очекува уште еден пораз иако мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде толку комотно,политичките аналитичари прогнозираат нова победа на владејачката партија на претстојните предвремени парламентарни избори. ТВ Нова објави анализа за рејтингот на политичките партии и го пренесува ставот на аналитичарите.Политологот Ненад Марковиќ смета дека социјалдемократите немаат време за подобро позиционирање.
„ВМРО-ДПМНЕ од една страна веројатно по изборите ќе се збогува со комотното мнозинство, а СДСМ има малку време да ја надомести разликата во рејтингот, која не е веќе така голема, но сепак постои“, вели Ненад Марковиќ за Дојче Веле на македонски јазик.
И аналитичарите кои изминатиов период ги консултираше ТВ Нова беа со став дека негативната кампања и отсуството на дефинирани проекти сигурно нема да и бидат од помош на опозицијата.
Според аналитичарот Петар Арсовски прислушуваните разговори и работата на СЈО не им донеле корист на опозиционерите.
Последните истражувања на јавното мислење покажаа дека речиси ништо не се променило во довербата која партиите и политичарите ја уживаат кај граѓаните.
Според анкетата на Институтот „Павел Шатев“ речиси три пати повеќе раѓани 40,4 проценти сметаат дека ВМРО ДПМНЕ ќе победи на парламентарните избори во однос на тие што мислат дека победник ќе биде СДСМ кои се 15,6 отсто.
Исто така, најголем дел од граѓаните, или 25,9 отсто, на изборите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ својот глас би го дале 15,7 проценти.
Целиот прилог на ТВ НОВА следува во продолжение:
Политологот Ненад Марковиќ смета дека социјалдемократите немаат време за подобро позиционирање.
„ВМРО-ДПМНЕ од една страна веројатно