Анализа: Дали Сноуден може да донесе војна меѓу САД и Русија?

Едвард Сноуден, човекот кој ја обелодени аферата со прислушкувањето на граѓаните од страна на Владата на САД, овој пат ги заострува односите меѓу САД и Русија, поради неговиот престој во оваа земја, откако од САД пребега во Кина и реши од таму да оди во Русија. 
Додека Сноуден бега од американската Влада и бара азил во други земји, двете земји се обидуваат да се докажат меѓу себе што е најправилно и најморално да се направи со овој човек. 
САД упорна во своите цели да го најде Сноуден и да го екстрадира од било која земја и да се наоѓа. 
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Едвард Сноуден се наоќа на московскиот аеродром и наскоро ќе одлучи во која земја ќе замине да бара азил. 
Путин нагласи дека Сноуден е слободен човек и што побрзо ја одбере својата дестинација, толку подобор за него. 
Сепак Белата куќа не се откажува од тоа дека Русија има законска основа за депортирање на Сноуден во САД. 
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека доколку неговата земја добие барање за политички азил од Сноуден истото ќе го разгледа, истакнувајќи дека политичкиот азил во секој случај е мерка на хуманитарна заштита.
Русија нагласи дека Сноуден се уште не минал низ процесот за имиграција, така што технички тој се уште не е под руска надлежност, со што најверојатно тврдењата на САД паѓаат во вода. 
Сноуден од Хонг Конг допатува во Москва во неделата со авион на „Аерофлот“. Првично се очекуваше тој да замине со авион за Каракас, главниот град на Венецуела, но тоа не се случи.
За ситуацијата на овој млад Американец зборуваше и неговата девојка која ја опиша својата тага за целата ситуација која му се случува на Сноуден. 
Останува отворено прашањето дали овој човек кој ја обелодени една од најголемите афери во историјата на САД, која дефинитивно може да наштети на угледот на земјата, ќе донесе некој вид на војна меѓу САД и Русија. Едвард Сноуден, човекот кој ја обелодени