Од почетокот на месец април глобалните пазари на капитал повторно ги движеа изјавите од значајните централни банки и објавите на финансиските резултати на компаниите. Инвеститорите не придаваа поголемо значење на случувањата во Украина, заради зголемената извесност дека воведувањето на поголеми економски санкции кон Русија, нема да се случат.
Излагањето на претседателката на ФЕД за зголемување на каматната стапка за 6 месеци по прекинот на квантитативното олеснување, кое сега изнесува 55 милјарди месечно, по кратењето од 30 милјарди од месец декември, беше изненадување за пазарите, кои сеуште не очекуваа објава од ФЕД за периодот на намалување на каматните стапки. Сепак, на последното обраќање од почетокот на месец април, Јелен се обврза дека експанзивната монетарна политика ќе продолжи додека економијата целосно не заздрави, односно додека стапката на инфлација не надмине 2% и не се постигне поголема вработеност кај американското население.
Во месеците март и април поголем дел од индикаторите за американската економија се подобруваат, после падот којшто го имаа од почетокот на годината,а кој беше резултат пред се на лошите временски услови во оваа земја. Има раст на индустриското производство, зголеување на нарачките на трајни добра, подобрување на довербата на потрошувачите, силен раст на малопродажбите и сл. Единствено влошување на индикаторите има во секторот на недвижности во САД, под влијание на растот на хипотекарните каматни стапки, но сепак тие индикатори не се на некое алармантно ниво.
Стапката на невработеност во март се задржа на 6,7% и имаше подобрување на показателот за отворени нови работни мести.
Очекувањата за раст на американската економија пред се се поддржани со агрументите за сеуште експанзивната монетарна политика, која го зголемува оптимизмот кај потрошувачите и компаниите и со тоа се подобрува потрошувачката на населението, пазарот на недвижности и CAPEX – от на компаниите. Подолгиот тренд на надпросечен раст на американската економија, во посткризиниот период, се очекува да ја намали стапката на невработеност на 6,1% до крајот на годината, што ќе поттикне зголемување на платите на населението и со тоа зголемување на потрошувачката, што од друга страна ќе предизвика поголема инфлација во американската економија.
Намалувањето на стапката на невработеност и зголемувањето на инфлацијата, се повеќе ќе претставуваат причина ФЕД во своите обраќања да го истакнува зголемувањето на референтана каматна стапка, што може да предивика зголемување на волатилноста на пазарите и тие да почнаат да се прилагодуваат на помалку експанзивна монетарна политика уште во текот на 2014 година.
Од почетокот на месец април започна објавувањето на кварталните финасиски извештаи на компаниите. Од вкупно објавени 70 финансиски резултати на компании од S&P 500 индексот, 77% од компаниите имаа подобри добивки и 50% имаа подобри продажби во однос на очекувањата на аналитичарите.
Големите компании, како што е Apple, Coca- Cola, General Electric, во изминатиот период објавија резултати кои позитивно ги изненадија инвеститорите и со тоа полека се надминауа стравот од поголем пад на добивките на компаниите коишто беше очекуван во изминатиот период, под влијание на влошената состојба во земјите во развој и послабиот раст на развиените економии.
На последната седница одржана на почетокот од месец април, ЕЦБ одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на ниво од 0,25%. Во излагањето на Марио Драги беше потенцирано, дека ЕЦБ, доколку е потребно, ќе ги користи сите мерки на монетарната политика, вклучувајќи и некои неконвенционални, како што е квантитативното олеснување, во услови на влошување на економските параметри на европската економија. И покрај тоа што квантитативно не се изразени стапките на инфлација и растот на БДП, каде ЕЦБ ќе одлучи да превземе дополнителни експанзивни мерки, според досегашното однесување, прагот на ЕЦБ е на подраматично ниво на ниска инфлација и зголемување на output gap – ot во однос на тоа што досега го очекуваа аналитичарите. Дотогаш се очекува изјавата за “whatever it takes” и понатаму да го поддржува растот на пазарите.
PMI Services индикаторот во сите значајни европски економии, Германија, Шпанија, Франција и Италија расте и е над 50. Невработеноста во еврозоната е стабилизирана и изнесува 12 и истата во одредени позначајни економии се намалува, но сеуште незначително. Зголемена е домашната побарувачка, малопродажбите и подобрена е довербата на потрошувачите. За првпат почнува да се подобрува и кредитната активност кај банките, но таа сеуште е пониска од очекуваната за да може засилено да влијае врз растот на економијата.
Европските пазари под влијание на макроекономските индикатори во изминатиот период растеа и покрај присутните ризици од трендот на деливериџинг и стрес тестот на банките. Овие движења беа поттикнати од опоравувањето на економијата, трендот на дефрагментација и присутното верување на инвеститорите дека ЕЦБ ќе стои на изјавата “whatever it takes” ,за да го спречи дефлаторниот притисок и да ја поттикне економијата.
Дополнителен ризик за европската економија претставува стрес тестот на европските банки. Негативниот исход од тестирањето кај поголемите европски банки би значел намалување на и така сеуште слабата кредитна активност и дополнително забавување на европската економија. Сепак, сегашното просечно ниво на капитализираност на европските банки од околу 11%, во услови на скромен раст на економијата, не очекуваме силно да се влоши, па така стрес тестот не би требало да предивизка потреба од силна дополнителна докапитализација на евроспките банки.
Од почетокот на месец април, очигледен е растот на индексите на земјите во развој, под влијание на стабилизирањето на одредени макроекономски индикатори, после силниот пад кој го доживеаа, заради намалувањето на експанзивноста на монетарната политика на ФЕД од крајот на минатата година и намалениот раст на одредени индикатори од кинеската економија.
Овие индекси од земјите во развој се тргуваат со висок дисконт на P/E показателот во однос на развиените земји, и во услови на стабилизација и раст на нивните економии и опоравување на депресираните нивоа на добивки на компаниите, се очекува поголем нивен раст.
Повеќе информации на следниот ЛИНК
Излагањето на претседателката на ФЕД за зголемување на каматната стапка за 6 месеци по прекинот на квантит