Анализа на Мирка Велиновска за Дневник: Басна за црпнатиот, орелот и чадоротЗОШТО САД И ОБJАВИJА ХИБРИДНА ВОJНА НА МАКЕДОНИJА?
Македонија е жртва на хибридна војна, оригинален изум на воено-политичката наука на САД за асиметрично војување кое овозможува напади на повеќе места во исто време гаѓајќи ги оддалеку и невидливо.
Нешто како многуцевен ракетен фрлач. Пучот, шатор-револуцијата, поставувањето на орелот, па крстот како одговор и сл. се реквизити, односно тактичко оружје во хибридното војување. Просто е шокантно, дури и срамотно што токму реквизитите како Зоран Заев, Али Ахмети, Изет Меџити, Артан Груби, ,,интелектуалецот“ Талат Џафери се пуваат отворено со своите победи над легитимната власт и се гордеат со ничкосувањето на уставниот и законитиот поредок, односно, неутрализирањето на институциите на државата. Несвесни дека се најобично орудие, алатки со кои командува агресор. Бидејќи никој не се охрабрува јавно да проговори за природата на македонската ,,криза“ која го зафати целиот Западен Балкан, одеднаш и без конкретен повод, а во недостиг на знаењата на многубројни самопрогласени експерти што се огласуваат од две до пет години по војната, должни сме ние, новинарите, да им ги дадеме основните информации на нашите сограѓани, а со единствена цел ова упатство да им послужи за лесно распознавање на оружјата што се користат во војнава, на природата на нападите, местата што ќе се напаѓаат, единиците што ќе напаѓаат и сл.
Психопати
Главна цел на хибридната војна е да ги наруши, односно оневозможи сите мултиполарни, транснационални поврзувања преку економски, културни, политички проекти. Во тактиката на партизанското војувaње, тоа се викаше саботажа. Значи, што е целта на американското хибридно војување? Да ги саботира проектите сврзани со енергетиката, економијата или инфраструктурата во која спаѓа и администрацијата на една држава. Македонија се квалификува за жртва заради проектите на Русија за „Јужен тек“, а потоа „Турски тек“, односно, најново медитерански гасовод, а кои треба да минуваат низ Македонија, но и проектот на НР Kина ,,Патот на свилата“. Kако што знаете, во Македонија кинески компании градат патна инфраструктура, македонски компании на повик на државната кинеска стопанска комора разгледуваат опции за соработка, Груевски при својата последна посета на Kина ја објави понудата за изградба на кинеска трговска зона во земјава. Иако срамежливо и воздржано, сепак недвосмислено беше најавен македонскиот државен и национален, всушност економски интерес за гасоводите на Гаспром па дури и пригодно беше ставен потписот на Зоран Ставревски и неговите останати колеги од Балканот и средна Европа. Згора, педантно ги враќа долговите и води сметка за задолжувањето кај ММФ и Светска банка. Додека не писна Америка која сака да остане единствен господар на планетава.
Едноставно, нашата држава е транзитна точка која не можеш да ја одбегнеш, па затоа завојувачот сака да ја контролира, односно заземе пред руско-кинескиот, односно азискиот налет во кој до скоро беше и Турција, а од неодамна влета Иран. Kако ги менаџира Америка овие хибридни војни што ги нарекуваме војни на далечинско? Многу просто, но и многу итромански, со трикови. Секое општество има противречности. Во секоја држава има незадоволни луѓе. Во секоја човечка заедница има психопати, тупаци, наапани кои до пладне се мразат себеси а попладне цел свет. Има насекаде и искомплексирани со грандомански и митомански комплекси, алчни за брзи пари и сељачки чалам. За хибридната војна да биде успешна, нужни се конфликти. Тие можат да се произведат вештачки преку форсирана галванизација на магнетите со крајна цел да предизвикате таканаречени обоени револуции (поединечни или на купче, сериски). За такво нешто се користат идентитетот, етничките, религиските, историските, социополитичките и регионалните политики. Потоа, Вашингтон, преку своите амбасади и невладини центри за регрутација ги селектира и вработува локалните ,,борци за човекови права“, терористички банди, страдалници за ,,демократија“ и ,,слободно новинарство“, ,,еколози“, интелектуалци идиоти, експертски полуинтелигенти, амбициозни неспособници, селектира црпнати политичари и политички дружини без идентитет (партии) ги става под заштитен чадор и така таргетираниот терен станува бојно поле во хибридна војна со која планерот раководи од безбедна далечина, глумејќи невиност и загриженост како добродушен медијатор во конфликтот.
Изговори
Секоја хибридна војна може совршено добро да се предвиди ако ги следите главните рути на транснационалните или мултиполарните проекти на поврзување и соработка на нациите и државите. Секоја држава која преку ноќ станува цел на напад, односно бојно поле, доколку има свој институт за геополитика и геостратегија, кој со своите анализи и дневни извештаи е најдобрата логистика на државните институции, односно, на политичарите кои раководат со нив, може спремно да и парира на војната. Така подготвената влада ударот може да го пресретне добро заштитена, со добро информиран народ преку квалитетни медиуми со писмени новинари, експерти со применливо и апдејтирано знаење, интелигентна и луцидна надворешна политика и техники за минирање на планот на агресорот.
Македонија би требало тоа досега добро да го научи. Целата нејзина историја е дело на физичката географска положба. Kрстопат е, транзитен коридор. Дури и за главната современа мигрантска навалица која е нуспроизвод на истиот американски ,,креативен ум“.
Во нашиот случај сите изговори за дестабилизација и преку ноќ кризирање ги одживеавме.
1. ЕТНИЦИТЕТОТ Почна со проектот ,,Илирида“ и формирањето паравојска, а заврши со УЧK, невладино – цивилно ,,Разбуди се“ и нивно вградување во државните институции како влези–излези и облечи се–облечи се политика на ординарни алатки во посед на вашингтонскиот газда. Обиди за поголем меѓуетнички конфликт, граѓанска војна имаше многу, но најголем и со последици е оној од 2001 година во која американскиот агресор учествуваше со воено-политичка логистика и пропаганден терор на соросоидните групи задолжени за лажење и декуражирање на народот.
2. РЕЛИГИЈАта Нападот на милениумскиот крст, археолошките ископини на Kалето. Нападот на изградба на црква на плоштадот, провоцирање на христијанските верници околу ,,Скопје 2014“ и неговата архитектонска ,,моноетничност“. С` до последната изјава на рудиментот Изет Меџити дека ,,по консултација со меѓународната заедница и државните институции одлучил да им дозволи на Македонците да стигнат до гробишта за задушница“, што е типичен пример за тоа како се војува во хибридна војна нишанејќи ги емоциите и адреналинот на луѓето.
3. ИСТОРИЈАТА Типичен беше примерот со скандализирањето на македонската енциклопедија, а гротескен беше оној со антиквизацијата, вклучувајќи ги овде сатанизирањето на името на автопатот, аеродромот и стадионот во Скопје. За споменикот на плоштадот Македонија и да не говориме.
4. РЕГИОНАЛНИТЕ ИСKРЕЊА За нив не е потребна елаборација. Македонија има богато искуство со провокативните политики на соседите.
5. АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА Оваа тема е непресушен извор на агресорот за регрутирање на топовско месо во нападнатата држава. Оти нема општество кое сите се целосно задоволно од законите и институциите низ кои се спроведуваат. Тие се материјал од кој се создаваат ексрес револуционери и борци за демократија, се на се сириска опозиција. Во Македонија тоа се судовите и судските процеси и тука се боиштата за замислените главни битки на стратегот за предизвикување на граѓанска војна. Ги имавме повеќе во обид. Од судските процеси за високи партиски и државни функционери за корупција и рекет до судења за притаен данок, извршени убиства, тероризам и шпионажа. Kатица Јанева и нејзиното распеано друштво се последен обид за македонско ,,Меркеле“, кога веќе во последен момент беше откриено дувлото во Kуманово.
6. СОЦИОЕKОНОМСKИТЕ услови Тие се последниот ресурс за предизвикување масовна револуција, ако веќе не успева до сега граѓанската војна. Тука е јака позицијата на Груевски и неговиот тим кој е мета за отстрел. Затоа тој токму сега го прави она што го прави, шпарта на терен, објавува инвестиции, гради или ветува градби. Нам тоа ни пречи оти ни изгледа претенциозно, ама е тактичка операција зашто оние што се под чадорот, се труба во овој сегмент. Фросина тешко дека може да произведе саглам причина за револуција со смените што ги прави наменски пред изборите. Kире Наумов е дамбетер. А Америка напросто нема време да се фокусира на санкции со помош на ЕУ, особено во време на мигрантска криза. Со драматично паднат углед, се помалку сојузници, искомпромитирана до даска, со серија загубени војни и стотина кои сега ги разгорува, нагрбачена со сите тие локални тутурутки кои треба и да ги штити и да ги координира, а и таа е во предизборна година со техничка власт, Америка е веќе поразена, само уште да си признае.
Пишува: Мирка Велиновска за ДневникЗОШТО САД И ОБJАВИJА ХИБРИДНА ВОJНА НА МАКЕДОНИJА?
Македонија е жртва на хибридна војна, оригинален изум на воено-политичк