Анализа на Мирка Велиновска: Народниот гнев беше испровоциран од една квислиншка банда, која глуми легална партија

Влегувањето на народ во Собранието, па и тепањето, се реакција на збир од криминални акции во континуитет на божемните разумни и ,,храбри“ избалансирани и ,,модерни“ кобајаги политичари. Хорското осудување на насилството и троа ќотек за превратниците и криминалците во одела и заштитени со имунитет, е тешка провокација за да се обескуражи народот, кој е нападнат фронтално и кој се брани инстинктивно од уништување, пишува Мирка Велиновска во својатата анализа за ДНЕВНИК.-Ние населението на Македонија, Македонците, сме горди на себе, горди сме на Дурловски, Дамовски и Илиевски, на Петрушевски, Јовановски, Kлимовски, Бошњаковска, Ивона и на сите други водачи и учесници во движењето ,,Жолто-црвена Македонија“. Повикот на апатичните и неспособни политичари и Соросовите медиумски платеници, полицијата и судството да ги откриеле и казнеле оние што во Собранието тепаа заштитени со имунитет криминалци, фашисти и квислинзи е тешка лакрдија, која се одигра своевремено и во Струга, кога очи в очи со народниот гнев се најде Владо Бучковски и пред тоа кога со таков народен гнев се сретна Љубе Бошковски по арачиновската дубара во 2001 година. Безобразно е вината за вартоломејската ноќ во Собранието да им се лепи на водачите на Народниот фронт за Заедничка Македонија, кои немале контрола врз настаните, а не на оние што со своите ,,политики“ и процедури дозволија вака да ескалираат работите, пишува Велиновска.
Ноќта кога превратниците како циркусантска дружина во циркуска шатра си избираа спикер и паралелен врховен командант, иако се знаеше и беше очекувано како дејство по сценариото, превентивно не дејствуваше ни Ѓорге Иванов (се јави со исплакната шаблонска изјава дури по настаните), ни вмровските пратеници. А по настаните, наместо полицијата да ги изведе пучистите од Собранието со лисици на раце и да ги одведе на сослушување пред да му врачи на Обвинителството материјал за покренување обвинение, вистинските виновници направија народот да биде лошото момче и главна приказна во пропагандната офанзива да стане ,,енигмата“ кои биле неколкутемина маскирани тепачи. Kои сака нека се, дури и вметнати провокатори да се, тоа не го менува фактот дека народниот гнев беше испровоциран од една квислиншка банда, која глуми легална партија, и дваесетина членови на мафијашка, злосторничка, балистичка организација под закрила на ЕУ и ЦИА со своите команданти шака евро-атлантски амбасадори, пишува Велиновска.
-Постои и уште една процедура што Македонците ја применија во Втората светска војна. Вооружен народ собран в ноародноослободителен фронт кој дејствува секаде илегално, а организирано и ништи петоколонаши, предавници, двоцевкаши ,,неутрални“ од почетокот до крајот на борбата. Нормално, во таква ситуација сосема е можно покрај сувото да гори и суровото, оти с` се одвива брзо и со кренати емоции. Така е запишано и во Библијата кога Мојсие и поробениот еврејски народ му објавија НОБ на фараонот и Египет. Врз Македонците се врши етапен геноцид од божем цивилизираниот дел од светот. И тие не го прифаќаат мирно тоа. Оние што ова не го гледаат се или глупави или слепи.
На нивните сценарија за крај на Македонија и уништување на македонскиот народ преку двовластие како во Либија, Авганистан, Ирак или Сирија, ќе одговориме со народен фронт, со комитлак, гемиџилак, партизански, со народни милиции, виетнамски напади, слободни територии и народна власт. Нема друго чаре. Ако актуелните политичарски ,,заедници“ и ,,друштва“ не се способни за антифашистичка борба или се инфицирани со вирусот на западниот фашизам, народот не сака да биде инфициран со таков ,,разум“. Што би рекле некои ,,или сте со народот или сте против народот и неговата држава“. Па бујрум, изберете си процедура што ви одговара, пишува Велиновска.-Ние населението на Македонија, Македонците, сме горди на себе, горди сме на Дурловски, Дамовски и Илиевски, на Петрушевски, Јовановски, Kлимовски,

Пронајдете не на следниве мрежи: