Откако се решава статусот на Македонија за влез во Европската Унија и НАТО, во јавноста се повеќе се појавуваат невладини организации кои прикажуваат најразлични анализи, извештаи, мислења за целата ситуација, каде што преовладува критицизмот кон власта во нив.
Некои од информациите преку критички настроените невладини организации пред секои важни самити на меѓународните организации се лиферуваат, за потоа на фанфари и во обид да се добие гласност да се преземат во дел од медиумите кои се под контрола на еден центар поврзан со еден бизнисмен од унгарско потекло кој го следат контроверзии, а чиишто домашни експозитури се раководат од еден скорешно лустриран човек.
Со ваквиот потег само настрадува обичниот читател кој ќе добие претстава дека власта не знае како да ја води надворешната политика и ќе остави приказ како власта не знае да ја пробие државата кон Европа и НАТО, се со цел да се намалат симпатиите и верувањата кон неа.
Конкретната цел на ваквите извештаи на разно разните организации кои лиферуваат вакви извештаи во точно избран тајминг пред на пример како сега скорешното одржување на Самитот на Европската Унија е да се дадат конкретни аргументи на Република Грција за да може да се оспори нашиот напредок, и да се создаде комотен маневарски простор за повторно Република Македонија да биде попречена во нејзиниот понатамошен развој.
Сега веќе надвладеа некој модел кој покажува дека Грците не се криви туку само Македонците. Со овој модел некој само сака да и даде муниција на Грција да гаќа кон Македонија, но не со своите куршуми туку со други.
Имено позицијата која ја држи Грција веќе 20 години редовно, а последните 5 години интензивно и ревносно да се блокира нашата земја, и тоа не заради некој опиплив аргумент туку заради еден наметнат измислен и виртуелен спор околу нашето име, за многу земји членки на Унијата и на НАТО станува неодржлива.
Особено по пресудата на меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој се произјасни дека Грција НЕМА ПРАВО да го попречува напредокот на Република Македонија во европските и евроталнтските интеграции.
Па немајќи друг избор Грците употребуваат друга тактика каде што се межаат во реформите на Македонија, односно Македонија да примени нови реформи, бидејќи овие до сега не чинеле за Грците.
Некои го гледаат ова како принцип на “дрвото да ја скрие шумата” за да се изврши повторна блокада. Дрвото нели се овие извештаи, а шумата е наметнатиот спор. Да се каже и разгласи дека во Македонија назадува демократијата, нема правен систем, се гуши слободата. И тоа во ситуација кога Македонија, таа истата Македонија за која пишува Фридом хаус, Репортери без граници или другите Соросови и агенциски клонови, пет пати по ред добива позитивен извештај од Европската Комисија во кој се констатираат напредоци во сите сфери.
Овој потег е веќе како Дежа ву. Три години по ред се употребува и три години пред секој самит се појавува по некој извештај. Со ваквите извештаи веќе три години се удира по Македонија и се попречува нејзиниот развој. Се остава поглершна слика, слика која никој граѓанин на оваа земја не сака навистина да ја види.
Три години по ред соочен со ударот однадвор со помош и на домашни елементи, после секоја критика, после секоја блокада од Грција, после секоја забелешка за немање демократија, за одење назад, за паѓање надолу и слични тези македонскиот народ му дава уште поголема поддршка на премиерот Никола Груевски и на секои следни избори ВМРО-ДПМНЕ победува со се поголема разлика.
Но, сепак, бидејќи ова е едно Дежа ву и една игра на некои кои можеби и не сакаат да ја видат Македонија напредната, не можат повеќе да го прелажат мудриот народ. Народот денес знае да проценува и цени.
Иако некој решил да удира и по пратијата која е на власт, сепак народот не е слеп и знае дека едино нешто добро што прави позицијата е да ја напредне земјата на меѓународен план со влез во НАТО и ЕУ. Со тоа Македонија продолжува понатаму со многу посветла иднина и просперитет за новите генерации кои доаѓаат.Откако се решава статусот на Македонија за влез во Европската Унија и НАТО, во јавноста се повеќе се појавуваат невлад