Челникот на кипарската десница Никос Анастасиадис е избран за претседател на Кипар, според официјалните податоци од изборната комисија, што се очекува да ги поттикне надежите на инвеститорите во брзото финансиско спасување на ова речиси банкротирана земја.По обработувањето на 100 отсто од избирачките материјали во вториот круг од претседателските избори на Кипар, Никос Анастасиадис освоил 57,5 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат од кипарските комунисти АКЕЛ, Ставрос Малас освоил 42,5 отсто од гласовите.Изборите на Кипар ги карактеризираше големата излезност на гласачкото тело, осносно гласале околу 445 илјади луѓе, што претставува повеќе од 81 отсто од регистрираните гласачи.Празениот кандидат, во случајов Малас, му честиташе на Анастасиадис и изјави дека ќе биде „строг судија“ на влијанието од неговите политики. Кипарската државна телевизија емитуваше снимки на кои се гледаат стотици приврзаници на Анастасиадес, кои во автомобилски колони се движат низ улиците на главниот град Никозија трубејќи со автомобилиските сирени и веејќи кипарски и грчки знамиња.Една од првите работи коишто Анастасиадес уше во првите седмици од својот мандат ќе треба да ги стори е да постигне брз договор за финансиската помош со меѓународните доверители Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за да се избегне банкротот на Кипар кој опасно се заканува.Преговорите на кипарската влада и меѓународните кредитори за финансискиот пакет за спас траат веќе осум месеци. Според пресметките на Купар му е неопходна во моментов помош од околу 17 милијарди евра, од кои 10 милијарди евра за заздравување на банките кои се многу изложени на грчкиот долг.Шеест ишестгодишниот адвоката Анастасиадес ќе го преземе водењето на грчкиот дел од оваа медитеранска островска земја во периодот на најголемата економска криза во последните четири децении со невработеноста која се искачи на рекордните 15 отсто.Големата финансиска закана, така, повеќедецениската главна тема – поделбата на островот на грчки и турски дел, на овие претседателски избори целосно ја стави во втор план.Кога станува збор за преговорите околу повторното обединување на островот, прагматичниот Анастасиадес беше единствениот кој во 2004 година го поддржа планот на Обединетите нации за обединување, но на референдум го отфрлија кипарските Грци, меѓутоа го поддржаа кипарските Турци. Поради тоа Анастасиадес беше силно критикуван, но сега, како што најави во кампањата, се надева да постигне согласност со другите политичари околу ова прашање.
МакфаксЧелникот на кипарската десница Никос Анастасиадис е избран за претседател на Кипар, според официјалните податоци од из