По разводот со актерот Бред Пит, актерката Анџелина Џоли помина низ навистина тежок период на кој сите ние бевме сведоци. Драстична промена во килограмите и повлекување во себе. Таа ја отвори душата и проговори за тој период.„Како девојче бев загрижена за својата мајка. Не сакам моите деца да поминуваат низ истото. Подобро е да плачам под туш и ќе се сокријам од нив. Тие мораат да знаат дека се ќе биде во ред иако ниту вие не сте сигурни во тоа“. – рекла Џоли и додала дека таа и Бред ќе ги насочат децата кон заедничката цел.
По тој период актерката добила ретка болест. Добила дијагноза Белова парализа. Во прашање е ретка болест која доведува до нагло слабеење или парализа на мускулите на едната страна на лицето. Симптомите се исти како кај мозочен удар, но специфично е тоа што пациентот чувствува слабост во подрачјето на едната страна на лицето, а не раката или ногата.
Исто така Џоли има проблем и со високиот притисок.
„Не знам дали сето тоа беше менопауза или лоша година. Понекогаш жените се ставаат на последното место, па срцето им страда“. – била искрена Џоли и истакнала дека семејството и е на прво место и додала: „Сакам да бидам што повеќе дома и да научам да спремам јадења кои моите деца ги сакаат. Тие сакаат да одам на часови за готвење.“„Како девојче бев загрижена за својата мајка. Не сакам моите деца да поминуваат низ истото. Подобро е да плачам под туш и ќе се сокријам од н