Актерката се пресметала на социјалните мрежи со оние кои ја осудувале поради посвојување деца. Обожавателите ја поддржале, а приложила фотографија од својот најстар посвоен син.На Анџелина Џоли ѝ здодеале китиките врзани со посвојување деца и на Фејсбук се пресметала со оние кои ја осудувале.
„Уморна сум од луѓето кои велат дека јас не сум негова мајка. Тој можеби не е биолошки мој, но тој е мое дете. Немојте да ме етикетирате како мајка посвојувачка. Можеби немаме иста боја на очи, нос и уста, но тој е мој син! Семејството не се заснова на ДНК, тоа се темели на љубов. Споделете доколку се сложувате“, напишала бесната Анџелина.
Со тоа пратила силна порака и на сите родители кои посвоиле дете. Покрај пораката објавила и фотографија од својот најстар син Медокс (14) кого го посвоила од Камбоџа во 2002 година. Таа и Бред Пит моментално имаат 6 деца- Медокс, Пах (12), Захара (11), Шилоу (10) и близаците Кнокс и Вивиен (7)На Анџелина Џоли ѝ здодеале китиките врзани со посвојување деца и на Фејсбук се пресметала со оние кои ја осуду
Пронајдете не на следниве мрежи: