Анџелина Џоли се осакати доброволно. Што се крие зад тоа?

Сега веќе сите знаат дека Анџелина Џоли доброволно ги отстрани своите дојки за да избегне можност да заболи од рак на истите. Но ретко кој се прашува што се крие зад тоа.На 14 мај оваа година во престижниот Њујорк Тајмс, Анџелина Џоли објави колумна со наслов МОЈОТ МЕДИЦИНСКИ ИЗБОР. Истата глобално го подигна интересот за прашањето кое е таму централно, односно како да се избегне можноста од заболување од рак. Илјадници жени побрзаа да го следат примерот на прекрасната Анџелина и да ги проверат своите гени и можноста истите да им се „расипат“, преглед кој чини 4-5000 долари. 
Анџелина ќе објасни во својата колумна дека мајка и починала на 56 години од рак, и дека со оваа операција таа ја намалила шансата да го добив на 5 проценти…
Се разбира не е се така розово. Има новинари кои прочачкале и во позадината на оваа глобална операција, која направи сите луѓе кај и да се да знаат за проблемот. Компанијата МИРИЈАД ЏЕНЕТИКС поседува патент кој е всушност применет во случајот на Анџелина. Баш во тоа, односно во исто време, Врховниот суд на САД требало да се произнесе за одржливоста на овој патент, односно за тоа дали ќе влезе во легална и масовна употреба. 
Донесувањето на позитивна одлука, претпосавувате, на МИРИЈАД ЏЕНЕТИКС би им донело милијарди долари заработка, а спротивното можен банкрот. Со својата колумна Анџелина направила акциите на оваа фирма на берзите да пораснат до небо. Истовремено и да се зголеми притисокот на Врховниот суд во САД, по ова прашање, од страна на јавноста.
Интересно е дека во својата колумна таа ги наведува со хиперлинкови и клиниките каде ги извршила операциите, што веднаш упатува на некаков финансиски бенефит за двете страни. 
Она што е најбитно во целата приказна е дека не постои усогласеност во медецинските кругови дека ова што го направи, сакатењето на своето тело, Анџелина е одговор на можните проблеми кои би ги имала во иднина. Ќе видиме дали во иднина ова ќе стане тренд и секако ќе се открие дали големите корпорации имале план преку оваа славна личност да пласираат продукт преку кој ќе дојдат до големи суми на пари.На 14 мај оваа година во престижниот Њујорк Тајмс, Анџелина Џоли објави колумна со наслов

Пронајдете не на следниве мрежи: