Дополнителениот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов на денешната прес конференција објави скандал во кој на виделина излегува врвот на незаконско работење и самоволие на привремениот министер за внатреши работи Оливер Спасовски.Андонов вели дека Спасовски го достигнал дното на професионално и политички коректко однесување. Во продолжение Ви пренесуваме дел од прес конференцијата на Андонов.
-Овој документ е доставен од Спасовски лично до мене и во кој Спасовски ме известува дека за секоја ваква активност како денешнава која подразбира јавен настап и обраќање до граѓаните на Република Македонија ќе морам да барам исклучиво претходна согласност на неговиот кабинет. Колку и да звучи смешно, ова пред се претставува навреда лична, на мојот личен дигнитет, навреда кон граѓаните на Република Македонија кон нивното право да бидат информирани, да ги слушнат сите страни, навреда кон демократијата бидејќи се работи за обид за воведување цензура.
Јас не учествувам во извршувањето должност дополнителен заменик министер за внатрешни работи за да ги задоволувам формалните потреби на Спасовски и да учетсвувам во неговата забава поттикната од неговиот лидер Зоран Заев.
МВР не е политичка испостава на СДСМ, туку е Министерство во функција на граѓаните на Република Македонија и составен дел од Владата. Со таа цел сакам да ве информирам дека со ова доставување на актот истовремено на Одделението за односи со јавност и стратешко планирање му се забранува било каква логистичка поддршка на моите и активности на мојот кабинет. При тоа, заканувајќи им се на вработените со дисциплински мерки доколку постапат поинаку.
Ова е настан без преседан во работењето на МВР, обид да се изурпира моето законско право за јавно информирање на граѓаните за сите сегменти од мојата работа, која пред се е јавна. Исто така потребно е да знаете дека согласно законот за Влада на Р.Македонија во која привремениот министер Спасовски е поставен за министер во привремена влада за спроведување на избори со мандат од 100 дена, во истата таа Влада дополнителниот заменик на министерот цитирам „заемно и рамноправно со министерот учествува во остварување на надлежностите предвидени во законот за Влада на РМ согласно член 144 став 2 и 3 од законот за привремена влада“.
Според тоа повикувањето на законот за организација на работите на органите на државната управа, член 49, а без притоа да се има во предвид член 46 став 2 од законот за Влада на Република Македонија, претставува правна недоследност и изолирано повикување на еден закон кој мора да се гледа во корелација со друг закон како што впрочем и политичкиот договор тоа го наметнува.
Интенцијата во известувањето со кое се пропишува дека активностите поврзани со јавниот настап на дополнителниот заменик на министерот треба да се врши исклучиво по претходна согласност од кабинетот на министерот за внатрешни работи, претставува пречка за остварување на надлежностите на дополнителниот заменик министер загарантирани со закон.
Оттука намерата на Спасовски да ги ограничи моите јавни настапи во најмала рака е небулоза и нема никакви допирни точки со реалноста и законската регулатива која го детерминира ова прашање и во тој контекст преку Вас како медиуми се обраќам и до јавноста и во вработените во МВР дека сите вакви наредби немаат законска основа.
Не се работи за двојно командување како што ќе се обиде Спасовски да манипулира, како што впрочем манипулира и со сите други информации, и во неговиот очаен обид да остане неговата манипулација забележана во јавноста се обидува да го ограничи моето право на комуникација со медиумите и граѓаните.
Доколку, Спасовски смета дека како генерален секретар на СДСМ ова значи промоција за неговата и политиката на СДСМ за наводно идно владеење со Македонија, ова е јавна порака и до граѓаните да извлечат сопствена поука за тоа како Спасовски, Заев и СДСМ планираат да владеат со Република Македонија доколку ја добијат довербата од граѓаните воопштво.
Работата на МВР ниту започнува, ниту ќе заврши со Спасовски како привремен министер за внатрешни работи. И тој и јас по објавувањето на конечните резултати ќе заминеме на своите работни места од каде и дојдовме. Тој како секретар во општина Куманово, јас како универзитетски професор на воената академија „Михајло Апостолски“. Неговата вчерашна изјава во која ги проблематизира вработувањата во МВР манипулирајќи со бројка од 125 лица, а која не е соодветна со реалноста, а се реализирани пред тој да дојде на функцијата во МВР, претставува група навреда кон сите припадници на МВР на чие чело привремено се наоѓа.Андонов вели дека Спасовски го достигнал дното на професионално и политички коректко однесување. Во продолжение Ви пренесуваме дел од прес конферен