Андонов: Кадровските промени се спорни по законот за Влада

Дел од темите во „Аргументи“ на ТВ Нова беа и кадровските промени што се случија во МВР, откако на сила стапи Договорот од Пржино. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов на оваа тема истакна дека 15-те промени се во рамки на политичкиот договор, меѓутоа не се направени согласно закон.„Законот е јасен и во него стои – 15 промени во вертикала согласно законот. Таму не стои согласно овој закон, односно законот за Влада, туку стои согласно законот за внатрешни работи, што е стручен закон во Министерството. Сите 11 промени што ги направи Спасовски не се проблематични од аспект на Законот за внатрешни работи, проблематични се во однос на тоа што се однесуваат директно на изборите, бидејќи имаат таква улога и тука требаше да оди систематизација и поставувања со два потписи. Јас немав дилема по ова пеашање, реков ќе го потпишам сето она што е согласно закон. Во тој аспект само едно од решенијата беше во согласност со законот, а останатите 10 беа проблематични, односно спорни по законот за внатрешни работи. Тоа значи дека сите 11 се спорни по законот за Влада каде треба и јас со свој потпис да ги потврдам. Во тие 10 решенија имаме поместувања за 12 места“, истакна Андонов.
Во вечерашната емисија „Аргументи“ на ТВ Нова со Љубиша Николовски се соочија техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов.„Законот е јасен и во него стои – 15 промени во вертикала согласно законот. Таму не стои согласно овој закон, односно законот за Влада,

Пронајдете не на следниве мрежи: