Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов, денеска оствари работна посета на СВР Куманово во рамки на планираните посети во сите сектори за внатрешни работи низ Македонија.Целта на посетата, информира Андонов, е запознавање со безбедносната состојба на самиот терен, запознавање со приликите во секторот за внатрешни работи Куманово и поддршка на вработените за извршување на работните задачи и професионални обврски согласно Законот и заштитата на Уставот на РМ.
– Досега безбедносната сосотјба е стабилна, она што СВР Куманово нормално како активности го превзема е во рамки на нормалните активности на полицијата. Не очекуваме некои поголеми проблеми да се појават, така што се надевам дека и понатаму ќе остане ваква состојбата. Очекувам да ме информира дополнителниот заменик началник за состојбата, бидејќи како што е вообичаената пракса очигледно на министерот Спасовски да наредува на началниците на СВР Куманово кои тој ги поставил односно на СВР низ Македонија да не ме пречекуваат и да не бидат присутни кога јас доаѓам.Убеден сум, дека наводните денешни неодложни обврски на началникот на СВР Куманово поставен од привремениот министер Спасовски не беа толку неодложни да не може да не биде тука, за да се видиме и поразговараме за безбедносната состојба од интерес на граѓаните на РМ. Ова само покажува кои се тенденциите и со што се, за жал ќе се сретнуваме во идниот период до формирањето на политичката владата во РМ, изјави Андонов.
Од аспект на мигрантската криза, додаде дека будно се следи состојбата.
– Ги следиме состојбите и во Северна Африка и на Блискиот Исток состојбата во Грција и во Турција засега официјално т.н. западно-балканската рута е затворена, но неофицијално ние постојано имаме миграции и поминување на илегални мигранти и поголемиот дел од активностите на полицијата со тоа вклучително и на СВР Куманово е насочена кон пронаоѓање на кримчарските групи, рече Андонов.
Тој потсети дека пред една недела, во селото Лојане е реализирана успешна акција и изрази благодарност до СВР Куманово и граничната полиција.Целта на посетата, информира Андонов, е запознавање со безбедносната состојба на самиот терен, запознавање со приликите во секторот за внатрешни ра