Лицето врз кое беше извршен обид за убиство во Скопје потекнува од населбата Ѓорче Петров, на полицијата и е познато по неговите криминални активности, а на јавноста по политичката активност.Ова при посетата на битолската полиција го изјави заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов за уличната престрелка и сообраќајна несреќа во Скопје.
-Првичните сознанија кои ги има полицијата насочуваат кон тоа дека се работи за некаква пресметка, дали тоа ќе биде чисто криминална или криминално политичка пресметка со оглед на профилот на лицето кое учествувало во неа, допрва полицијата ќе истражува. Врз лицето е извршен оперативен зафат, се надеваме дека ќе преживее , па по неговото враќање во контактибилна состојба веројатно ќе можеме да добиеме и повеќе конкретни податоци за тоа што се случува, рече Андонов.
Сообраќајната несреќа се случила во понеделникот доцна ноќта , поточно 10 минути по полноќ на булеварот „Партизански одреди“ кај поликлиниката „Букурешт“, во која се превртил автомобил „голф“, а од него било извлечено лице рането со огнено оружје. Четириесет и пет годишниот Д.Т. бил однесен во болница со три прострелни раби од огнено оружје. Од полицијата не можат да кажат дали тој се здобил со повредите додека возел низ булеварот. Но, изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонска жардиниера, по што возилото се превртило и застанало на покривот.
Заменик министерот Андонов ги обвини СДСМ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се поврзани со криминални групи и на тој начин предизвикуваат тензични ситуации.
-За жал се докажа она што јас го говорев во изминатиот период дека со противзаконските поставувања во МВР, со врските на Социјалдемокартскиот сојуз и министерот Спасовски со криминални групи и поединци само ја зголемуваме тензичноста и тоа не помага во зголемување на безбедноста во државата и на граѓаните, рече Андонов.
Тој изјави дека во последниот месец имале неколку случаи во кои доживеале и криминално полициски местенки и активности на некои криминални групи.
-Тоа ме плаши дека во текот на изборите можат такви работи да се случат. Зборувавме во СВР Битола да се обрне внимание на такви поединци кои треба да бидат изолирани за да не дојде до такви последици, рече Андонов.Ова при посетата на битолската полиција го изјави заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов за уличната престрелка и сообраќајна несреќ