Андонов: Преку лажливиот пат кон НАТО очигледно ќе го загубиме националниот македонски идентитет

Искрено се прашувам на што се должи „оптимизмот“ на Заев за брз влез на Македонија во НАТО макар и под референцата FYROM и сметам за потребно дека тоа треба јавно да го објасни пред Македонските граѓани, пишува во својата најнова колумна политичкиот аналитичар Оливер Андонов. -Се сомневам, бидејќи добро знаеме какви се не тајни обврзувачки договори може да се направат и што се ќе треба потоа да испорачаме (како впрочем временото име FYROM). Моите претпоставки одат во насока на обврзување дека со давањето на „ветар во грбот“ на Заев со приемот во НАТО под референцата, треба да му се даде предност во внатрешната политика, што нему многу му е од полза за пресметка сои ВМРО-ДПМНЕ. Односно, дека еве ништо не боли да се влезе под референца, а потоа да се преговара за името. Токму тука, според мене е основната замка, односно јадицата на која ќе треба да се фатиме сите ние. Занесени од „победата“ да ја внесеме Македонија во НАТО, за следниот чекор  или влез во ЕУ ќе треба да бидеме „мудри“ (секогаш се повторува историјата со мудрите политики на СДС) и да попуштиме пред Грците. Всушност моето мислење е дека веќе претходно Заев, Димитров и друштвото им имаат попуштено, а целата операција е насочена кон замајување на Македонскиот народ и граѓаните на Македонија да ја голтнат мамката, а потоа да се чудиме што не снајде, пишува Андонов.
Тој додава дека втората етапа за дефинитивна промена на името на Македонија и свесно самоукинување на Македонската нација и прифаќање на последиците од овој чекор нема да биде референдум или некаква си дебата на дебатољубецот Заев.
-Таа е насочена кон подоготвување на терен за уривање на ВМРО-ДПМНЕ како единствена мобилизаторска и патриотска сила на Македонскта државност и Македонскиот народ. Тоа уривање првенствено е насочено против Груевски, паралелно се одвива на неколку линии (внатре во партијата и со други суптилни методи на притисок, но и отворен притисок), а преку него воедно ќе се покрие и неспособноста на СДС-то за „реформи“ како што љубат да кажат, односно да поедноставиме – неспособност за економски напредок и благосостојба на граѓаните. Затоа и СЈО ја интензивира својата работа, паралелно со активностите на Заев и СДС-то да направат „реформи“ во судството, започнувајќи од ОЈО кое води постапки токму против Заев. Се мора да биде добро искоординирано за да се заврши работата до крајот на годинава, а народот да не сети, пишува Андонов.
Во меѓувреме СДС-то глумејќи работа и посветеност, грижа за народот ќе зборува за распуштеноста и недомаќинлакот на претходната власт (заборавија кој ја направи приватизацијата) и во меѓувреме суптилно заканувајќи се на секого кој нема да ги премолчи нивните глупости, неработа и најповеќе предавство на сопствената татковина и нација.
-Анализата е всушност многу едноставна. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не подлегна на непристојните предлози за предавство на нацијата и затоа не постоеше чудесна формула за влез во НАТО под референцата иако тоа беше можно и според меѓународното право и времената спогодба. Очигледно е дека нешто се крие зад оптимизмот на Заев, а тоа не е наводното престанување со провокации кон Грција од наша страна. Очигледно е дека Заев и неговиот тим од полусвет се добар материјал за реализација на туѓи интереси. Очигледно е дека во Македонија нема да се живее потобро туку дека ќе се „дебатира“. Очигледно е дека сите што не се согласуваат со овој концепт на „дебати“ ќе бидат прогласени за неподобни со тенденција да бидат прогласени за криминалци и отстранети од јавниот и политичкиот живот. На крајот од оваа кратка анализа за тоа како преку лажливиот пат кон НАТО очигледно ќе го загубиме националниот Македонски идентитет имам едно прагматично прашање до „реформаторот и дебатирачот“ Заев. „Дали си подготвен да дебатираш, да отвориш широка јавна дебата и за прашањата кои се однесуваат за тебе лично и твоето семејство (да не кажам нешто повеќе од ова)“? Веројатно за сите овие очигледности нема да има реакција и дебата од „не“владините организации, бидејќи тие со својот „лик и недело“ изборија место во владата на Заев. Впрочем како што би рекла госпоѓата Шеќеринска „некои прашања не заслужуваат одговор“, онака очигледно демократски опфатено со широка дебата, пишува Андонов.
Веројатно затоа нема да дебатираме околу очигледно тајните спогодби за влез во НАТО под референцата, а потоа за трајно, да трајно решавање на името на Македонија, а со тоа и на Македонската нација. Токму онака како што очигледно нема да дебатираме и добиеме одговор за узурпаторот Талат кој се претставува како Претседател на Собранието на Република Македонија и неговата законска одговорност за узурпацијата, заклучува Андонов. -Се сомневам, бидејќи добро знаеме какви се не тајни обврзувачки договори може да се направат и што се ќе треба потоа да испорачаме (како впрочем в

Пронајдете не на следниве мрежи: