СЈО повикува на распит луѓе кои немаат никаква кривична одговорност и се користи со методи од типот „признај или не ти гинат пет години затвор“. Ако бил сведок, како што тврди СЈО, зошто тогаш се вршеле претреси во неговиот дом, вели Андонов за Телеграф.мк
Професорот Оливер Андонов е револтиран од однесувањето на специјалното јавно обвинителство во случајот со самоубиството на Коста Крпач. Тој смета дека СЈО е виновно за неговата смрт поради тортурата на која бил изложен од страна на СЈО.
– Самоубиството на Крпач оди на душа на СЈО и на Катица Јанева, и тие еден ден треба да дадат одговор за она што го сториле. Не се сите луѓе психички подготвени да издржат таква тортура и најверојатно во моменти на тешко растројство го извршил самоубиството. СЈО повикува на распит луѓе кои немаат никаква кривична одговорност и се користи со методи од типот „признај или не ти гинат пет години затвор“. Ако бил сведок, како што тврди СЈО, зошто тогаш се вршеле претреси во неговиот дом – вели Андонов за Телеграф.мк.
Претходно, професорот во својата колумна истакна дека во СЈО тргнуваат од замислена дека некој направил некаков криминал, а истовремено забораваат на уставната категорија на пресумцијата на невиност и најчесто таа фикција е идентична со тврдењата на Заев на неговите прес-конференции кога ги објавуваше бомбите, и подоцна најавувајќи ги активностите на СЈО, притоа однапред знаејќи го крајниот исход.
„Потоа, почнуваат притисок кон сите соработници на таргетот, партнери или на кој било начин лица кои биле околу него, да го потврдат она што тие го наумиле. Всушност, во недостиг на цврсти материјални докази тоа се остварува преку закана и втерување страв, со крајна цел да принудат некој да се согласи лажно да сведочи против оној што е крајната политичка цел на СЈО. Доколку сведокот од прв пат не прифати да го потпише тоа што тие ќе го бараат од него, најчесто излегува преплашен, на излегување му кажуваат дека тој не им е целта, туку го посочуваат лицето што им е цел, и уште еднаш го предупредуваат дека може многу лесно да се извлече доколку даде изјава која му ја наметнуваат тие и го потпише тоа што од него го бараат“, вели Андонов.
Професорот Оливер Андонов е револтиран од однесувањето на специјалното јавно обвинителство во случајот со самоубиството на Коста Крп