Доколку узурпаторот Талат беше избркан од канцеларијата која ја исто како и функцијата со која лажно се претставува ја узурпираше, ќе работеше од друга канцеларија. Доколку не со актуелните, Талат со помош на некои поддржувачи на узурпаторот ќе извадеше нови печати. Ова е повеќе од очигледно, бидејќи зад него застанаа огромни сили со цел да остварат успех во нивната операција против Македонија, очигледно по секоја цена, пишува на својот ФБ профил универзитетскиот професор, Оливер Андонов.-Неипходно е да ни е јасно и да сме свесни за да можеме правилно да ги согледаме работите и да ја спознаеме вистината. Доколку и предизвикаа физички инцидент пратениците од победничката партија ВМРО и коалицијата како што многумина деновиве налутени коментираат, пратениците на СДС ќе отидеа во некоја соседна просторија, глумејќи координација и таму ќе го направеа истиот чин, и ќе пренесуваа по фб во живо, и пак ќе го испровоцираа народот да влезе во парламентот. Се ќе беше исто, само 15 мин подоцна, бидејќи очигледно е дека СДС се има однапред испланирано, па дури и провоцирањето на граѓаните, а признавањата на Талат од Европа и Америка ќе стигнеа 15 минути подоцна, пишува Андонов.
Едноставно, бирократите и пканирачите на операцијата, пишува Андонов, надмудрени и соочени со пораз од за нив малата Македонија и ВМРО, како многу силни надворешни центри на моќ, донесоа одлука со сила да ја остварат својата цел која повеќе од три години се обидуваат да ја реализираат и да не излезат од Македонија со пораз
-Притоа тие центри на моќ во недостиг на демократски и правни аргументи немаа избор и ги прекршија уставот, законите, деловникот, а со тоа и демократијата и принципот на владеење на правото за што декларативно толку многу се залагаат што во своето “посветување на почитување на правото” толку добро го научија нивниот пулен СДС кој дури во таа насока најавува разрешување на сите и на се во судовите и правосудството. Постапувајќи на овој начин тие сили ја доведоа земјата на раб на граѓанска војна. Лидерот на ВМРО лично направи крајни напори за спречување на ова состојба предлагајќи и сопствена саможртва, а ВМРО како политичка партија со своето раководство предложи и поддршка на малцинска влада на СДС со единствен услов да не се чепка во темелите на унитарна Македонија. За цело време по изборите преку своите повици лидерот на ВМРО преку медиумите придонесе кон зголемувањето а свесноста и мобилизацијата на огромен број граѓани кои 60 дена, а еве скоро и 70 одлучно, упорно и достоинствено протестираа. Тие направија се што можат. ВМРО исто така направи се што можеше во услови кога има само 51 пратеник, а наспроти себе ранет, засрамен од пораз од многу помал противник и силен надворешен центар на моќ кој по цена на граѓанска војна и директно бесрамно влијание за растурање на државата Македонија одлучи да го оствари зацртаниот план. Доколку и има уште некоја забелешка од типот зошто ВМРО не направија вака или онака, пак 51 те пратеник ќе останеа 51, пишува Андонов.
Доколку пак не го направеа тоа што и досега го правеа на транспарентен и демократски начин, додава Андонов, веројатно истите критичари ќе ги обвинеа зошто не го направиле тоа.
-Одкога направија се што можеа во едни демократски рамки, критиката е зошто воопшто правеле нешто ако не биле сигурни дека ќе успеат, а како може да си сигурен со таков противник? Како може да не се обидеш и да направиш се што е во твоја моќ колку и да е силен противникот? Но, тоа воедно значи дека борбата не престанува и ќе продолжи на најразлични и соодветни демократски начини. Со 51 пратеник што и да направеа, нервозните подржувачи на кои не им се оди во опозиција, но и загрижените патриоти за иднината на Македонија, бесот ќе го истуреа пак врз раководството кое 11 години издржа силен притисок за промена на името и многу други притисоци и надворешни и внатрешни квислиншки напади. Сценаристот го мобилизирше речиси целиот западен свет за да го победи отпорот кој 3 години ги даваше ВМРО и Македонија и упорно обидувајќи се во тој период што повеќе да ја ослаби и сведе на само 51 пратеник ВМРО-ДПМНЕ. Но, да не заборавиме дека и во овие услови ВМРО и Македонија победија на изборите, пишува Андонов.
Нападите од луѓе кои имале нереалистични очекувања од ВМРО-ДПМНЕ се неоправдани и емотивни, смета Андонов.
-Да не заборавиме, СДСМ не е таа која го надмудри или недај Боже победи ВМРО или Македонскиот народ. Многу поголема надворешна сила го направи тоа. СДСМ е само експонентот, фасадата, инструментот. Неможе да се обвини на пример Вардар ако загуби од Реал Мадрид, ако Реал облекол дресови на Шкендија или Турново. Особено ако Вардар дал се што е во негова моќ, тесно победил и потоа на зелена маса му го смениле резултатот и бодовите. ВМРО ќе беше апсолутен и доминатен ако немаше толку силна странска интервенција и вмешување. Но, ВМРО не се предала. И во современи услови, била во опозиција, па дошла на власт. Кога мислеле дека е пепел, воскреснувала. Храбро напред народе на Македонија ВМРО како и досега како и секогаш ќе биде и ќе остане идеалот на суверена, унитарна и демократска Македонија.-Неипходно е да ни е јасно и да сме свесни за да можеме правилно да ги согледаме работите и да ја спознаеме вистината. Доколку и предизвикаа физичк