Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов, во во СРЦ Борис Трајковски присуствуваше на отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Македонски херои “, што се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 и 2015 година, под покровителство на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.Во своето обраќање пред пред присутните Андонов истакна дека оваа меморијална манифестација претставува наш длабок поклон кон херојското дело и саможртвата на припадниците на македонските безбедносни сили кои ги положија своите животи во одбрана на нашата заедничка татковина Република Македонија.
-Благодарение на правилните одлуки на Владата на Република Македонија, професионалниот пристап на МВР и храброста, одлучноста и пожртвуваноста на нашите безбедносни сили и нашите херои, беше избегнато влегување во спиралата на конфликти од несогледиви размери и ужасни последици врз граѓаните и државата. Иако во минатото, бевме сведоци кога нашата сериозна и одговорна работа за одбрана на државата беше деградирана и омаловажувана до степен на навреда, а тешките и сложени акции проследени со човечки жртви беа окарактеризирани како несериозна политича игра или детска забава, ние ќе продолжиме со нашиот професионален и одговорен пристап во насока на заштитата на мирот и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија. Крајно време е да го отфрлиме духот на поделбите, нетрпеливоста и омразата кон политичкиот противник и конечно да се помириме и да се сплотиме околу државниот интерес, рече Андонов .
Тој посочи дека е крајно време да се отфрли духот на поделбите, нетрпеливоста и омразата кон политичкиот противник и конечно да се помириме и да се сплотиме околу државниот интерес.
На турнирот учествуваат 12 екипи, кои своето учество го обезбедија преку локалните турнири низ општините во Република Македонија.Во своето обраќање пред пред присутните Андонов истакна дека оваа меморијална манифестација претставува наш длабок поклон кон херојското дело