Заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов при денешната посета на СВР-Штип изјави дека постојат несогласувања помеѓу него и техничкиот ресорен министер Спасовски, по однос на поставувањето на нови началници на Секторите за внатрешни работи, објави Сител.- Тоа само покажува дека интенцијата на Спасовски продолжува. Мислам дека доколку не седнеме да поразговараме сериозно на таа тема, да ги расчистиме неговите дилеми во однос на толкувањето на законите кои ги толкува како што сака ќе повлијае врз работата на министерството оваа состојба. – изјави Оливер Андоновски, заменик министер за внатрешни работи.
Според Андоновски единствен правец за излез од оваа состојба е координирано почитување на Законот за внатрешни работи и Законот за Влада бидејќи се врзани еден со друг. Од страна на раководителите на секторите беше информиран за состојбата и му беше дадена проценка за безбедносната состојба во овој регион.
– Полицијата работи под полн капацитет и покажува подготвеност и активност на теренот да се справи со сите предизвици- изјави Андоновски.
Од Штип, Андоновски замина во посета на СВР- Струмица, за одблизу да се запознае со безбедносната состојба и во ЈИ регион.
– Тоа само покажува дека интенцијата на Спасовски продолжува. Мислам дека доколку не седнеме да поразговараме сериозно на таа тема, да ги расчистим