Оливер Спасовски отворено го крши Законот за избори со прераспоредувањата на дел од вработените и покрај јасните одредби дека од 18 октомври до формирањето нова влада престануваат сите вакви активности, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов по посетата на СВР Куманово.Како што рече Андонов, противзаконски елементи и недоследности постојат и во наредбите што ги издава Спасовски, а и самото издавање на наредбата за преместување од едно на друго работно место е кршење на Законот и кривично дело.
– Го повикувам Спасовски да престане и со создавањето раздор во полицијата, со деструкцијата, да престане да ја попречува работата на МВР и да ги остави луѓето на терен да работат така како што треба, согласно законите, изјави Андонов.
Тој најави дека ќе застане зад полициските службеници, дека ќе го заштити МВР и сите негови припадници од злоупотреби и притисоци.
– И денешниот состанок со раководството на СВР Куманово имаше за цел да влијаам и да укажам на вршењето мобинг врз полициските службеници. Согласно Законот за избори и укажувањето на Државната комисија за антикорупција, се забрануваат какви било преместувања, и со решенија и со времени решенија или со наредби, во периодот откако се распишуваат изборите до формирање на новата влада, напомена Андонов.
Според него, и началаникот на СВР Куманово не се придржува кон укажувањата за кршење на Законот за избори.
– Дел од посетата на СВР Куманово беше токму во оваа насока, уште еднаш да му издадам лични наредби и да му укажам на началникот дека не смее да го крши Законот, бидејќи МВР е тука да го штити Законот и интересот на граѓаните, а не да го прекршува и на тој начин да престанат со вршење мобинг врз сите полициски службеници во СВР Куманово, изјави дополнителниот заменик-министер.
Вршењето мобинг од 18 октомври годинава досега, не е само на териротијата на СВР Куманово, туку е забележано, рече Андонов, на целата територија на Македонија, во сите полициски станици, во секторите за управата за безбедност и контраразузнавање, во сите сектори за внатрешни работи.
– Ја користам оваа прилика да укажам дека и понатаму ќе ги заштитувам интересите на вработените во МВР, нема да дозволам никој да врши притисок врз нив и ќе апелирам до сите да си ги извршуваат задачите согласно закон, да го штитат законот, особено во текот на изборите да постапуваат согласно законот кон сите граѓани на РМ со цел да имаме нормални и демократскки избори без какви било проблеми, а за се останато понатаму, околу прераспоредувањта, од формирањето на новата влада, ќе има можност да се реорганизира полицијата како што всушност и работиме на реорганизација на безбедностите служби, подвлече Андонов.
Одговарајќи на новинарско прашање дали се преземени мерки за расчистување случаи во кои се оштетени изборни пропагандни материјали и билборди поставени од коалцијата „За подобра Македонија“ и од ДУИ, Андовов рече дека токму едно од прашањата кои им ги поставил на командирот на Полициската станица и на началникот на СВР Куманово, поставени од министерот Спасовски, се однесувале на овие случаеви.
– Началникот не даде информација во врска со какви било оштетувања на билборди, а командирот на полициската станица тврдеше дека само еден билборд на ДУИ е оштетен, иако преку дежурниот оперативен центар во Скопје стигна дојава дека е оштетен и билборд на ВМРО ДПМНЕ, дека исто така има оштетен штаб на ДУИ во село Слупчане. Колку што бев информиран од командирот на полициската станица, се уште ништо не е преземено по тоа прашање и дадов изрична наредба до петок да ме информираат за преземените мерки во детали, но и превентивно да делуваат на терен за спречување натамошни вакви активности, истакна Андонов.
Воедно констатира дека и ова е дел од активностите што ги презема СДСМ на терен за да ја опструира работата на полицијата во докажување конкретни прекршочни и кривични дела. Како што рече Андонов, противзаконски елементи и недоследности постојат и во наредбите што ги издава Спасовски, а и самото издавање на наредба