Оливер Андонов, од Граѓанското движење за одбрана на Македонија денеска пред насобраните граѓани пред Основниот суд 1 во Скопје истакна дека овој протест на граѓанското движење не е закана за државните институции во Р.Македонија туку е протест за нивна одбрана.-Ние не им се закануваме на државните институции тоа се институции на Р. Македонија и на целиот народ македонски. Застанавме овде да покажеме пред судот, да упатиме една мирољубива порака дека го поддржуваме слободното судство, независното судство, одлуките на судиите и дека не сме тука да се закануваме. Некои други се закануваа дека ќе палат , дека ќе уриваат дека ќе поднесуваат кривични пријави: Ние не сме тие, ние си ја сакаме татковината и ги почитуваме нејзините институции, рече Андонов.
Тој посочи дека единствен кој што не ги почитува институциите е лидерот на опозицијата кој фрлаше со боја по нив, се заканува на судиите , се заканува на секој граѓанин поединечно.
– ГДОМ ги заштитува државните атрибути на Р. Македонија и нема да се повлечеме од оваа наша борба бидејќи ние ја имаме само Македонија и тоа е нашата држава. Немаме резервна варијанта и немаме намера да отстапиме од нашата татковина. А тие кои сториле кривично дело и кои се аболицирани, по не знам кој пат и кои мислат дека со закани можат да се справат со државата, судот на нив треба да им пресудува, но според легалните законски прописи и постапки, истакна Андонов, пред насобраните граѓани.
Тој повика на воздржаност и смиреност и да не се подлегнува на никакви провокации се цел да се не се загрози безбедноста на државата.-Ние не им се закануваме на државните институции тоа се институции на Р. Македонија и на целиот народ македонски. Застанавме овде да покажеме пред