четврток, 26 ноември 2026
Најново

Андонов: Тука сме да го поддржиме судството!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Оливер Андонов, од Граѓанското движење за одбрана на Македонија денеска пред насобраните граѓани пред Основниот суд 1 во Скопје истакна дека овој протест  на граѓанското движење не е закана за државните институции во Р.Македонија туку е протест за нивна одбрана.-Ние не им се закануваме на државните институции тоа се институции на Р. Македонија и на целиот народ македонски. Застанавме овде да покажеме пред судот, да упатиме една мирољубива порака  дека го поддржуваме слободното судство, независното судство, одлуките на судиите и дека не сме тука да се закануваме. Некои други се закануваа дека ќе палат , дека ќе уриваат дека ќе поднесуваат кривични пријави: Ние не сме тие, ние си ја сакаме татковината и ги почитуваме нејзините институции, рече Андонов.
Тој посочи дека единствен кој што не ги почитува институциите е  лидерот на опозицијата кој фрлаше со боја по нив, се заканува на судиите , се заканува на секој граѓанин поединечно.
– ГДОМ ги заштитува државните атрибути на Р. Македонија  и нема да се повлечеме од оваа наша борба бидејќи ние ја имаме само Македонија и тоа е нашата држава. Немаме резервна варијанта и немаме намера да отстапиме од нашата татковина. А тие кои сториле кривично дело  и кои се аболицирани, по не знам кој пат и кои мислат дека со закани можат да се справат со државата, судот на нив треба да им пресудува, но според легалните законски прописи и постапки, истакна Андонов, пред насобраните граѓани.
Тој повика на  воздржаност и смиреност и да не се подлегнува на никакви провокации се цел да се не се загрози безбедноста на државата.-Ние не им се закануваме на државните институции тоа се институции на Р. Македонија и на целиот народ македонски. Застанавме овде да покажеме пред

Поврзани вести