Во законот за Влада, јасно стои дека дополнителниот заменик министер рамноправно учествува во работата на Министерството за внатрешни работи, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов каде се соочи со техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, во „Аргументи“ на ТВ Нова.„Согласно вашата теза дека секој јавен настап мора да го потврдам со ваше одобрување, навистина ме радува што сме заедно на ТВ дуел. Вие се обидовте да воведете цензура за мојата работа, но јас сум избран од Собранието и согласно со тоа одговарам пред Собранието и премиерот, а за мене не важат оние процедури што сакате вие да ги наметнете“, обвини Андонов.
Тој додаде дека Министерството за внатрешни работи како и целата привремена влада се наоѓа во специфична позиција.
„Со министерството согласно законот за Влада, заемно и рамноправно работат и раководат и давјцата во спроведување на работата на министерството. Реалноста е дека јас како дополнителен заменик министер, согласно законот учествувам во работата подеднакво со вас“, додаде Андонов.
Денешното телевизиско соочување на техничкиот министер Спасов и дополнителниот заменик министер на МВР Оливер Андонов на ТВ Нова е првото во македонскиот етер откако двајцата стапија на своите функции.„Согласно вашата теза дека секој јавен настап мора да го потврдам со ваше одобрување, навистина ме радува што сме заедно на ТВ дуел. Вие се о