ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што е во опозиција ќе продолжи да се грижи за унапредување на целокупниот здравствен систем. Бидејќи имаме конкретна програма, која што на овие избори, а и на изборите во минатото постојано им ја нудиме на граѓаните, секако и на нашите колеги од фелата, кажа Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата „Единствени кои инвестираат во здравството“ организирана по повод 27-от роденден на партијата-Има повеќе работи кои што се ветени таму, кои и покрај тоа што во конкретниов случај не можеме да продолжиме да ги реализираме, ние ќе продолжиме да работиме институционално, со нашите луѓе што ги имаме во институциите, во Собранието на Република Македонија, да се обидеме овие проекти кои што се веќе започнати, да се дореализираат. Оние проекти кои што ние сме ги замислиле, цениме дека треба да бидат како нови проекти во здравството, истите тие да ги реализираме. Здравстовото бара посветеност, бара знаење, бара истрајна работа во континуитет. Изминативе години токму и тоа се прави се вложува во целокупниот здравствен систем, за негово унаредување.
Андоновска акцентот го стави на три работи, таа надополни и дека проектите кои тие ги направиле во здравството не може да се сокријат или премолчат, бидејќи граѓаните директно ја чувствуваат користа.
-Она што беше правено минативе години е набавка на најсовремена медицинска опрема и тоа во повеќе градови. Вложување во инфраструктурата, основан е и функционира универзитетскиот клинички центар, државната кардиохирургија во Скопје, изграден е пет центарот, комплетно нов објект на детската болница во Козле, современ центар за цистична фиброза, реконструирани клиники во скоро сите градови во Македонија. Тоа се работи кои што ние не можеме да ги сокриеме или премолчиме, тие ги гледаме, тие граѓаните ги чувствуваат. Ако до вчера сите граѓани требало да дојдат во Скопје, па да чекаат со денови за да бидат снимени на некој апарат, сега ист таков апарат има во градот во кој што живеат, така да за овие работи што и да се зборува не е доволно, бидејќи самото тоа што граѓаните го чувствуваат и го гледаат, е доказ дека се работело во усовршување на целиот здравствен систем и во унапредување на квалитет на здравствените услуги, кои што ги добиваат граѓаните.
Таа продолжи и за други проекти кои беа дел од големите реформи во здравството.
-Се инвестираше и во кадарот кој што го имаме во самите клиники, во самите болници. ВМРО-ДПМНЕ прати поголем број на лекари кои што беа заинтересирани, кои што беа заинтересирани, кои што имаа капацитет, да одат на усовршување, да научат од најсовремени технологии и истите тие да се вратат во Македонија и да ги применат кај нашите граѓани.
Таа надополни дека ова се покрупните кои што никако не може да се сокријат, бидејќи граѓаните гледаат директна корист од нив. Меѓу другите проекти, таа го спомена отварањето на аптеки во руралните средини, проширување на листата на лекови, намалување на цените на истите. Андоновска кажа дека и зголемена е капитацијата за матичните лекари, за стоматолозите, кои долги години немале покачување на капитацијата, планот бил тоа да продолжи линеарно. Истиот случај е и кај специјалистите.
-Вложено е и во набавка на нови возила за итна медицинска помош. Навистина има многу работи за кои што може да се зборува, но ќе повторам дека здравството бара вложување во континуитет. Тоа значи дека оние кои што сега го преземаа овој ресор, треба да продолжат онаму каде што сме застанале, секако со наша заедничка помош да ги продолжиме проектите.
Таа на новата власт и порача дека доаѓа на место каде што е навистина вложено, има навистина големи резултати, а доколку некој сака тоа да го руши ќе биде забележано.
-Не беше исто да се дојде пред неколку години на такви долгови во клиниките и такво немање на инфраструктура, немање на кадар и немање на опрема во институциите и сите овие години да се изгради нешто. Не е исто да почнеш некаде од нула, него од минус, со она што денеска го имаат, а тоа се нови големи инвестиции во целокупниот здравствен систем.-Има повеќе работи кои што се ветени таму, кои и покрај тоа што во конкретниов случај не можеме да продолжиме да ги реализираме, ние ќе продолжиме