САД изгледа спремна за понатамошна интернационализација на Македонската криза која ја создаде, откако увиде дека домашните агенти не успеаваат во нивните очајни напори да ја соборат легитимно избраната влада.Настрана од многу веројатната можност за насилни провокации, дали тоа ќе биде од „демонстранти“ или од меѓугранични Албански терористички групи кои оперираат во окупираното Косово, следниот чекор ќе биде да веднаш да го повлече признавањето на демократски избраните власти, веднаш по изборите на 5-ти Јуни и да ја замени легитимно избраната влада со „опозициската“ марионетска која ќе биде командувана од Западот, која немора да значи дека ќе биде застапувана од Зоран Заев, но преку „Специјалниот обвините“ Катица Јанева како „привремено технократско“ решение.
Причината за ова да се направи не е само за да се предизвика граѓански конфликт во земјата и да се санкционираат лидерите на ВМРО како и остатокот од Макеоднското општество (постојат два сета санкции лични и национали), туку и доколку ова е точно сценарио Јанева да побара „меѓународни НАТО мировници“ кои ќе го смират грѓанскиот конфликт кој таа и нејзините Американски пријатели го предизвикале. Практично, САД би можеле веднаш да одговорат на вакво барање, без разлика дали тоа ќе дојде од Заев и Катица кои би биле поставени на нелегитимната Влада, преку агресивно испраќање на силите на КФОР од Косово, и албанската војска во мнозинско Албанските населени региони во земјата, практично окупирајќи ги деловите на Македонија онака како што направија со Косово што ќе доведе до поделба на земјата.
Министерот за одбрана Јолевски е многу близок со САД и би наредил војската да не се спротивставува на напаѓачите, правејќи поделба во ранковите на војската и поделба помеѓу вооружените сили на пасивни и послушни поддржувачи на пучот и Македонски патриоти кои ќе се борат да ја одбранат нивната татковина од инвазија. Овој процес директно е поврзан со плановите на Западот за непризнавање на изборите на 5-ти Јуни и нелегално поставување на Јанева или Заев за „технократски привремен“ премиер.
За интернационализацијата на Хибридната војна, САД би можеле да се користат и со техниката на покажување на сила преку лансирање на т.н. „Драгун Марш“ преку Балканот како што претходно правеа над Балтикот и Полска, во исто време испраќајќи тешка артилерија од Хрватска во окупираното Косово во базата Бондстил преку Србија, благодарение на неодамнешните привилегии за транзит кои владата на Вучиќ им ги даде на блокот. Слично може да се очекува дека и влијателните реваншисти во Бугарскиот естаблишмент ќе бидат желни за координирање со НАТО со цел да добиат симболична националистичка предост која ќе го одврати вниманието на јавноста во Бугарија за се потешките услови во кои Владата го губи својот рејтинг. Милитантната интернационализација на интензивираната Македонска Хибридна војна која ќе вклучува НАТО, САД, Албански и Бугарски „мировници“ (окупатори) нелегално „поканети“ во земјата ќе доведе до поделба на Република Македонија, прво преку наметнатата идеја за „федерализација“ преку двоецот Јанева-Заев, и ревизија на уставното име под притисок на воената состојба и преку поделбата на сфери на влијание на територијата на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија, што потоа ќе заврши во анексирање во Голема Албанија и Голема Бугарија. Крајната игра е да се избрише Македонија од мапата, јазикот од книгите, и народот од глобалното општество. Во пост-модерниот културен геноцид, по „санитизирана“ верзија на она што Турците брутално им го направија на Ерменците пред околу еден век, но со можност да стане исто толку варварски ако ситуацијата излезе од контрола, да не даде Бог.
Во лицете на застрашувачки закани, Македонскиот народ мора да продолжи да стои цврсто и да не биде одвратен од реториката која доаѓа од Западот. Што по нервозни се лидерите од САД и ЕУ, толку повеќе само се докажува колку е успешен Македонскиот отпор во расипување на сценаријата за Хибридна војна и бранењето на татковината. Смирени, темелни и мирни одговори се клучот во одбегнување на уличните провокации на очајниците за насилна смена на легитимно избраната власт. Најдобрата работа која секој Македонец може да ја направи во моментот е јавно да демонстрира поддршка за нивната влада и да ги користи социјалните медиуми за споделување на вистината за она што навистина се случува со остатокот од светот. Сите треба да соработуваат и да разговараат со што повеќе странци и меѓународни медиумски мрежи (без разлика дали се меинстрим или алтернативни) со цел ширење на вистината за Македонскиот отпор и обидот на САД за Хибридна војна. Преку кохезија и максимизирање на колективните способности преку мирен пат, секој Македонец може да ја исполни својата обврска во одбрана против културниот геноцид и да осигура дека милениумски старата Македонска цивилизација ќе го преживее најновиот софистициран напад.
Пишува: Андреј Корибко за iNFOMAX.mkНастрана од многу веројатната можност за насилни провокации, дали тоа ќе биде од „демонстранти“ или од меѓугранични Албански терористич