Сензуалниот моден дизајнер Андреј Папаз Ѓоргиевски е прогласен за најуспешен дизајнер за изминатата година на традиционалната манифестација „Избираме најуспешни битолчани за 2016“, организирана од страна на Битолски весник.„Како млад дизајнер чест ми е што Битолски весник ме избра за најуспешен дизајнер. Оваа манифестација е престижна и се организира 18 години по ред, сега можам да кажам дека сум рамо до рамо со останатите успешни колеги. Како прва награда од мојот роден град ќе биде поттик за мојата работа и колекциите во иднина“ вели Папаз.
Андреј Папаз Ѓоргиевски веќе неколку години активно и успешно се пласира на модната сцена со своите дизајни а исто така и како костимограф за театарски претстави а и телевизиски серии. Неговото име се јавува на над триесет авторски остварувања, проектите “Македонски Идол”, “Евровизија”, ТВ серијалот “5+ Фамилија”.
Измината 2016 година ја одбележа костимографијата за првонаградената претстава за најдобро уметничко остварување “Кралски Игри” во продукција на Народен театар Битола. Најголем белег е неговата прва самостојна ревија за колекцијата “Враќање на антихеројот” прикажана на “Модниот Викенд Скопје” која беше позитивно оценета од модните критичари. „Како млад дизајнер чест ми е што Битолски весник ме избра за најуспешен дизајнер. Оваа манифестација е престижна и се организира 1