На презентацијата што беше дел од Tech Day 2014 британската компанија ARM најави дека наскоро ќе може да се купат Android телефони за само 20 долари…Евтините уреди нема да се натпреваруваат со моделите на Samsung, HTC и другите компании, но ќе изведуваат напредни функции. Уредите се наменети за пазарите во развој и места каде нема смартфони, а на корисниците треба да им овозоможат освен остварување повик и размена на пораки, брзо и лесно поврзување на социјалните мрежи, електронската пошта и онлајн мапите.
Не е познато кој ќе ги произведува телефоните, но од компанијата за чипови информираат дека до 2018 година пазарот за entry-level моделите двојно ќе се развие и дека токму тогаш ја гледаат својата можност.
повеќе на:GSM.mkЕвтините уреди нема да се натпреваруваат со моделите на Samsung, HTC и другите компании, но ќе изведуваат напредни функции. Уредите се наменет