Аневски: Јанева да соработува со Советот на јавни обвинители

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски денеска изјави дека во моментов во Македонија има две јавни обвинителства и оти не знае како во иднина Специјалното јавно обвинителство ќе се вклопи во јавнообвинителскиот систем во земјата. Аневски, кој денеска го претстави Извештајот на Советот пред собраниската Комисија за политички систем, ја повика специјалната обвинителка Катица Јанева на соработка и заради, како што рече, заедничко постигнување на владеењето на правото.-Не знам како ќе се вклопи Специјалното јавно обвинителство во иднина во јавнообвинителскиот систем бидејќи Уставот како највисок правен акт предвидува во член 106 дека Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела со закон. Во овој случај сега имаме на еден начин две јавни обвинителства, рече Аневски.
Неговите очекувања биле дека Советот на јавни обвинители и Специјалното јавно обвинителство ќе имаат одлична соработка по изборот на Јанева и оти законот целосно ќе се почитува.
-Ако го прочитате добро член 7 особено ставот 3, и ставот 1, кажува дека тоа обвинителство одговара пред Собранието, а за својата професионалност, стручност и за законските дејствија што ги презема ќе одговара пред Советот на јавни обвинители. Ние ја почитуваме автономијата, меѓутоа таа мора да го почитува член 7 став 3, рече Аневски. Кажа дека иако била повикувана Јанева дошла на само една седница кога информирала дека нема да одговара на прашања и да присуствува на работата на Советот.
-Сметам дека во иднина ова ЈO треба да соработува со Советот на јавни обвинители и заради заедничко постигнување на владеење на правото, рече Аневски, кој за СЈО зборуваше одговарајќи на прашање на пратеник.
Изнесувајќи детали за работата на Советот на јавните обвинители, Аневски посочи дека во Македонија недостигаат 62 обвинители и оти поради тоа има неажурност на обвинителствата. За да се надмине оваа ситуација и да се постигне застапеност на сите етнички заедници, во септември ќе има нов оглас за прием на шеесетина кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители. На претходниот оглас се примени 37, од кои шестмина Албанци и еден Влав.
Минатата година до Советот биле поднесени 166 претставки и поплаки за работата на јавните обвинители и обвинителствата, а најмногу од нив биле за Основното јавно обвинителство во Скопје поради неажурност, што според Аневски се должи на недостиг на кадар.
Пратеничката Ане Лашковска од ВМРО-ДПМНЕ упати препорака Советот да направи напор за примена на законските измени за Академијата со цел обука на повеќе кадри за се пополнат слободните места на јавните обвинители.
Ернад Фејзулаху го критикуваше изборот на Џелал Бајрами за јавен обвинител, посочувајќи дека тој „спроведувал антиалбански проекти“ и бил инволвиран во случајот „Монструм“ и други.
Аневски во врска со изборот на Бајрами за јавен обвинител рече дека тој ги исполнувал законските одредби и оти со неговиот избор нема направено никаков превид.
-Мора и во републичкото обвинителство да имаме припадници на етничките заедници. И во Вишо обвинителство има примено припадник на етничка заедница, рече претседателот на Советот на јавните обвинители.
Не сакаше да ги коментира споменатите случаи, посочувајќи дека тоа не му го дозволува етичкиот кодекс, меѓутоа смета дека судовите и јавните обвинители работат законски и во согласност со доказите со кои располагаат и носат одредени одлуки кои одат на проверки по жалбени постапки на повисоки судови.
На дневен ред на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е и Извештајот за работата на Антикорупциската комисија.
На седницата присуствуваше само еден пратеник од опозицијата.-Не знам како ќе се вклопи Специјалното јавно обвинителство во иднина во јавнообвинителскиот систем бидејќи Уставот како највисок правен акт предви

Пронајдете не на следниве мрежи: