Ангел Џамбаски, европратеник од ВМРО-БНД на Каракачанов:Целта и на Илинден беше да нема граници од Охрид до Црно Море

Ангел Џамбаски, европратеникод ВМРО-БНД на Каракачанов, повторно употребува жесток национализам и агресивен говор, присвојувајќи го илинденското востание како себугарско и нарекувајќи ја борбата на илиденците борба за голема Бугарија, пишува Република.-Ние немаме интерес од граница на Деве Баир, ние немаме интерес од граница на Ќустендил. Ние имаме интерес да го довршиме делото на востанието од 1903 година кое беше од Охрид до Црно Море, за да нема граница од Охрид до црно Море-изјави Џамбаски.
Џамбаски кажува дека сега по потпишувањето на договорот Македонија ќе биде обврзана да цензурира текстови кои ќе се критички настроени кон бугарските максималистички ставови, како да е окупатор Бугарија и да држи жесток режим во Македонија против кој не смее да се каже ниту збор, како да сме во Северна Кореја
-Сега во моментот гледате се создава една хистерија таму, антибугаска хистерија. Тоа беше организирано и тоа од една група страници на интернет кои се обидуваат да создадат антибугарски бран. Тоа треба да биде сопрено и се разбира со тек на време ќе биде сопрено- најави Џамбаски.
Пред него и Каракачанов на сред Скопје соопшти дека договорот кој се случил поради храброста на Заев ќе ја отвори перспективата на Македонија кон ЕУ, но и дека непочитувањето на потпишаниот договор ќе повлече меѓународни санкции за Македонија
Ова значи дека доколку некоја влада, оваа или било која идна, не го почитува капитулантскиот договор во кој Заев прифати се што Бугарија побара, а не се избори за ништо што е македонски интерес, тогаш Бугарија ќе не блокира за влез во Европската унија.
Каракачанов во неколку наврати имаше контроверзни изјави, па така во сред Скопје истакна дека Илинденското било најдоброто бугарско востание.
Лидерот на ВМРО-БНД, исто така, договорот на Бугарија со Владата на СДСМ како претставник на Македонија го нарече историски, а на Бојко Борисов му предвиде дека поради одличните позиции за Бугарија на кои се сложи Заев, тој ќе биде славен во историјата исто како царот Борис Обединителот – односно човекот кој во сорабока со Силите на оската ја проширува Бугарија во рамките на нејзините Санстефански граници во кои комплетно Бугарија ја окупира Македонија. Ова е веројатно уште еден историски факт кој после потписот на Заев ќе треба да се промени, па наместо окупатори да ги нарекуваме Бугарите – обединители.
 
 -Ние немаме интерес од граница на Деве Баир, ние немаме интерес од граница на Ќустендил. Ние имаме интерес да го довршиме делото на востаниет

Пронајдете не на следниве мрежи: