Ангела Меркел ги налути Грците: „Ако Скопје е Македонија, Германија е Четвртиот Рајх“

Портпаролот на грчката опозициска партија Независни Грци, Теренс Куик, упати остри критики до германската канцеларка Ангела Меркел која што нашата земја ја нарече Македонија.- Ако Ангела Меркел сака Скопје да го нарекува Македонија, игнорирајќи ги приговорите на Грците и резолуциите на ОН, тогаш не би требало да и пречи ако ние ја нарекуваме Германија со нејзиното вистинско име: Четвртиот Рајх, од економски аспект, истакна Куик.
Меркел вчера во Берлин ја одржа годишната традиционална летна прес-конференција на која зборувала и за Македонија, јавува дописникот на МИА.
На прашање од новинар на „Дојче веле“ дали „и паѓа на ум креативно и умно решение за таканаречениот спор околу името“ и дали „сака и лично повеќе да се заложи околу решението“, Меркел рекла дека „со оглед на тоа што бројот на комбинациите околу името кои доаѓаат предвид е ограничен, сега јавно не би ги кажала, зашто така би го ’изгорела’ предлогот“.
– Така е зашто ако нешто кажам, можам да се обложам дека ќе пристигнат два деманта – од Грција и од Македонија, или еден… Значи, таа варијантата нема да е веројатна. Затоа, моите разговори околу името се доверливи. Тоа е и онака тешко. Затоа има бранови во кои се внесувам во спорот, но и фази во кои оставам работите да мируваат. Но, со сигурност – ќе дојде момент кога лично ќе се заложам. Но, на крајот, може да помогнеме, но доколку актерите меѓусебно не се доближат, мојата помош не помага, го пренесува „Дојче Веле“ одговорот на германската канцеларка.- Ако Ангела Меркел сака Скопје да го нарекува Македонија, игнорирајќи ги приговорите на Грците и резолуц

Пронајдете не на следниве мрежи: