Ангелов го разобличи „спонтаното“ собирање на „Протестирам“

Претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов вечерва не се појави на протестот на опозицијата кој се одвива под превезот на граѓанската организација „Протестирам“.Ангелов вечерва преку социјалните мрежи откри зошто не е дел од протестот, но притоа ја разобличи и тезата на опозициските протестанти дека собирот при нивните демонстрации бил спонтан и без конкретна организација.
-Вечерва “Белизе Бенд“ ќе пее пред МРТ но јас нема да зборувам бидејки некој проценил дека тоа не е добро. Е сега, кога некој смета дека не е добро да зборувам пред МРТ, тогаш јас сметам дека не е добро ниту да се појавам, напиша Ангелов.
Ваквите зборови на Ангелов практично ги разбиваат тезите на организаторите на протестот кои секојдневно велат дека нивните собири се спонтани.
Сепак, признанието на Ангелов дека “некој сметал дека не е добро да зборува“ јасно укажува на тоа дека не станува збор за некакви спонтани собири, туку собири организирани со конкретна програма и најважно од се дека некој одлучува кој треба, а кој не треба да зборува.Ангелов вечерва преку социјалните мрежи откри зошто не е дел од протестот, но притоа ја разобличи и тезата на опозициските протестанти дека собирот

Пронајдете не на следниве мрежи: