Бранко Ангеловски, репрезентативецот на македонската ракометна репрезентација во интервју за „Тера ТВ“ обелодени што се случуваше во Данска за време на Европското Првенство…Бранко Ангеловски, репрезентативецот на македонската ракометна репрезентација во интервју за „Тера ТВ“ обелодени што се случуваше во Данска за време на Европското Првенство каде нашата селекција заврши на десеттото место.
Ангеловски по натпреварот со Исланд каде нашата селекција упати критика за натурализацијата во нашиот национален состав, велејќи дека „непотребно се делеа пасоши“.
По ова, селекторот на нашата ракометна репрезентација, Ивица Обрван му даде „црвен“ на Ангеловски и го отстрани од националниот тим.
„Сето тоа ескалираше за време на натпреварот со Данска, кога бев изваден, и кога на клупа селекторот ме опцу, директно во лице, ми опцу мајка, само затоа што гласно размислував и кажав дека пола да ми се дава шанса како што на некој друг му се дава ќе имаме корист сите ние“ вели Ангеловски во интервјуто за „Тера ТВ“.
Ангеловски донес одлука и да се повлече од репрезентативниот табор.
„По натпреварот селекторот ме одбегна и тоа ми беше знак дека не сум пожелен во репрезентација, бев во мисла да си заминам од репрезентацијата, но моите пријатели од селекцијата ми укажaа поддршка и ми рекоа дека сум потребен на оваа репрезентација, ги послушав и останав“ открива репрезентативецот на Македонија.
Повеќе на: sport365.mkБранко Ангеловски, репрезентативецот на македонската ракометна репрезентација во интервју за „Тера ТВ“ обелодени што се случуваше во Да