АНГЕЛСКО РАСТЕНИЕ: Лек откриен од Архангел Михаил. Еве како може да ви помогне!

Според народните легенди, ангеликата ја открил Архангел Михаил. Ангеликата се користи како лек, но и како храна и зачин поради ароматичниот вкус и мирис.Во средниот век била една од поважните лековити билки кои се употребувале за лекување, а нејзината главна употреба била наменета за треска.
Во тој период со неа се спасиле многу луѓе, па така и го добила името ангелска билка. Од тука, подоцна низ годините настанало името Ангелика. Се смета дека ја открил Свети Архангел Михаил.
Коренот на оваа билка е добар и за варење, а етеричните масла од ова растение се користат за поттикнување на апетитот, закрепнување од тешки состојби како анорексија и омалаксаност.

Исто така, оваа билка помага и за менструални болки и тегоби, ревматски болки и болести на црниот дроб. Билката помага и за воспаление на белите дробови и бронхитис.
Го спречува и згрутчувањето на крвта, па се препорачува и за лекување тромбоза. Се користи и како средство за смирување и мирен сон.
Сепак, важно е да се напомене дека консумирањето на ова растение не е препорачано за време на периодот на бременоста, како ни во периодот на доење бебе. Не се препорачува да го консумираат луѓе со дијабетес оние и коишто пијат лекови за да не им се згрутчува крвта.
Иако многу помага, оваа билка денес е речиси заборавена и надвор од употреба.

Пронајдете не на следниве мрежи: