Англичаните полуделе врз французите! Медиумите тврдат дека ниту еден русин не бил уапсен поради дводневното дивеење во Марсеј, каде безмилосно напаѓале и тепале англичани во целиот град, а на крајот и на стадионот.Како што пишува „Independent“, само двајца русини кои се приведени во полиција, се оптужени за упад на терен на натпревар, кога Русија го постигнала изедначувачкиот гол.
Но, поради самата тепачка, ниту еден државјанин од Русија не бил уапсен, а камоли затворен или депортиран од Франција.
Од друга страна, шест англичани се уапсени, депортирани и одредена им е забрана за влез во Франција во наредните две години.
Покрај тоа, 35 англиски навивачи завршиле во болница со лесни или тешки повреди по судирот со русите, на кои им „помагала“ во Франција и група српски навивачи.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија, само потврдило тоа што русите веќе најавиле: нападите на англиските и велшките навивачи ќе продолжат.Како што пишува „Independent“, само двајца русини кои се приведени во полиција, се оптужени за упад на терен на натпревар, кога Русија