Англичаните уште во далечната 1949 година (20 години пред Виетнамската војна) во Граѓанската војна во Грција, во значајните и славните борби на планините Вичо и Грамос, против припадниците на ДАГ (Демократска армија на Грција), каде што 80 отсто од припадниците – партизаните биле Македонци и, воедно, против македонското население во Егејска Македонија, уште тогаш употребиле напалм-бомби.Лазар Колишевски, Крсте Црвенковски, Киро Глигоров, Лазар Мојсов, Димче Белоски, Стојан Андов, Драгољуб Ставрев и многу други, се токму виновниците кои воопшто не го иницираа и не го актуализираа прашањето, за македонското малцинство во Егејска Македонија, Пиринска Македонија и Мала Преспа во Албанија како што го направи тоа словенечкото раководство во 60-тите години на минатиот век за словенечкото малцинство во Австрија.
Народно Ослободителен Фронт,Окупацијата на Грција,СНОФ,НОФ,Обединување на НОФ со Демократската Армија,Македонците и Граѓанската Војна во Грција,Поразот на Демократската армија,Егзодус на етничките Македонци од Грција…
Во битките на Вич и Грамос, под деноноќните бомбардирања со напалм бомби и артилериски баражи, ДАГ со целиот свој состав и местното население е избркана од Грција. Заради влошените односи со СФРЈ, која ги затвара своите граници, евакуацијата се спроведува преку Албанија.
Најзлосторната вооружена група која врши репресалии над Македонците е колаборационистичката „Тагмата Асфалиас“ (Батаљони за сигурност), која обвинувајќи ги за автономисти, буквално врши физичко истребување на македонското население во западна Егејска Македонија. Конфискации, силувања на девојки и егзекуции извршени од страна на тагматистите се секојдневна појава за Македонците.
Нашата разделба беше тешка…со солзи во очите ги напуштивме нашите родни места.На нашата жалост и немаше крај.Плачењето и пискотот наш се мешаше со редењето на нашите мајки…а сето тоа наликуваше на една жална и страшна симфонија. Бевме мали,уплашени,натажени…не знаевме каде ке не носат,не знаевме дали или кога ке се вратиме. Такви страшни чувства беа нормални во тие лоши и бурни времиња. Одевме голи ,боси,гладни,измрсулаени,а бевме само деца,без мајки. Се грижеа за нас жени кои ги викавме мајки. Дење не криеја по рововите,а ноке одевме пеш. Дење го слушавме звукот на авионите кои бомбардираа,фрлајки напалм бомби.
уШТЕ КАКО ДЕЦА БЕВМЕ ОЗРАЧЕНИ…ОД ТИЕ НАПАЛМ БОМБИ.
СЕТО ТОА ДЕЛУВАШЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА СИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА .
А,СЕ ЗАПРАША ЛИ НЕКОЈ ШТО ЈАДЕА ТИЕ ДЕЦА?
КАЧАМАК,КАЧАМАК,КАЧАМАК…..
И СЕГА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ТОА,А НАЈМНОГУ НА ОЗРАЧУВАЊЕТО КОЕ ГО ДОБИЈА ОД НАПАЛМ БОМБИТЕ ,ПОВЕКЕТО ОД ТИЕ ДЕЦА ИЗУМРЕА ОД ЛЕУКЕМИЈА.
НЕКОЈ КЕ СЕ СПРОТИСТАВИ НА ОВА, АЛИ СЕПАК ДОБРО РАЗМИСЛЕТЕ И ПРОУЧЕТЕ,КЕ ВИДИТЕ ДЕКА ИМА ВИСТИНА ВО ТОА…
ПОЧЕТОКОТ И КРАЈОТ НА НИВНИОТ ЖИВОТ ИМ БЕШЕ ПЕКОЛ…Лазар Колишевски, Крсте Црвенковски, Киро Глигоров, Лазар Мојсов, Димче Белоски, Стојан Андов, Драгољуб Ставрев и многу други, се токму виновниците