Анкетниот лист на потпретседателот на владата Кочо Анѓушев тежи мегу 27- 28 милиони евра. Тој поседува една куќа и 5 стана во Скопје, има куќа од 214 м2 на Халкидики како и стан во Белград. Од недвижнини Анѓушев пријавил и два деловни простори во Скопје со вкупна површина од 200 м2. Возниот парк на Анѓушев се состои од масерати, порше каен, мини катримен. Во анкетниот лист тој пријавил и луксузни примероци на четири рачни часовници, кои ги проценил на 2,5 милиони денари. Анѓушев поседува и 20 уметнички слики и скулптури од македонски автори кои ги проценил на околу 109.000 евра, потоа има златен накит во вредност од 6 милиони денари и моторен чамец марка Регал. Најголемата вредност во имотниот лист е уделот во група Фероинвест каде Анѓушев е содружник со 80% од акциите чија вредност според анкетниот лист е над 21 милион евра. Неговата сопруга ја поседува фирмата „Офисрент“ со вредност од 630.000 денари. Анѓушев пријавил четири заеми во вкупна вредност од 82 милиони денари а во неколку банки има заштеди од 1,2 милион евра и над 4,6 милиони денари. „Се гордеам со мојот анкетен лист, рече Кочо Анѓушев, бидејки се сум создал сам и за се сум платил данок. Ова е пример како може дете на стечајни работници, со работа да направи капитал.“ На денешниот брифинг со новинарите Анѓушев рече дека сега неговата плата изнесува 81.000 денариАнкетниот лист на потпретседателот на владата Кочо Анѓушев тежи мегу 27- 28 милиони евра. Тој поседува една куќа и 5 стана во Скопје, има куќа од 2
Пронајдете не на следниве мрежи: