Македонските граѓани остро и децидно се протива на идеите на опозицискиот лидер Зоран Заев за двојазичност на целата територија на Република Македонија, што според нив претставува пат кон федерализација и поделба на Македонија.Анкетираните граѓани од повеќе градови јасно порачуваат дека не ги поддржуваат политиките на Заев и СДСМ и нивниот План за рекомпонирање на македонската држава. Македонците од Тетово сметаат дека никако не би го поддржале Заев, бидејќи како што нагласуваат, сака да ја дели Македонија. Ова се дел од нивните коментари:
-Не би го поддржал Заев, бидејќи нема аир од тие. Мислам дека не треба да добијат повеќе од Рамковниот договор, на тој начин Македонија оди кон федерализација. Тоа Заев што го бара не е општо добро за Македонија.
-Воведувањето на македонскиот јазик како втор јазик води кон федерализација. Сите знаеме зошто се растури Југославија, бидејќи имаше повеќе националности и повеќе јазици се зборуваа во неа.
-Мислам дека они имаат доволно права, а со давање на повеќе нивни права може да дојде до федерализација на оваа држава, тоа е мое мислење. Никако не би го поддржал Заев, зашто направи многу големи глупости.
-Федерализацијата и двојазичноста, тоа не е добро. Никако не би го поддржал Зоран Заев зашто сака да ја дели Македонија, ја продава, само лаже друго ништо. Заев не е човек, денес зборува едно, утре друго.
-Зоран Заев многу згреши. Тој си игра со државните интереси. Албанците нема да гласаат за него иако тој мислеше дека ќе добие гласови од нив, нема да добие. Нема потреба од двојазичност во Македонија. Заев треба да ја чукне главата и да размисли дека ако има 500 училишта, треба 500 професори од Албанци да вработи, но тоа СДСМ не го размислува, само сакаат да ги добијат изборите, другото не е важно, вели еден жител на Куманово.
Жителите на Делчево порачуваат дека штом Заев сака двојазичност пак ќе изгуби, а ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.
-Не поддржувам двојазичност. Албанците нема да му веруваат, сношти на митинг вика дека Уставот нема да го чепне, другата вечер ќе го менува, он не знае што кажува.
-Двојазичноста нема да ја прифати никој барем во нашиот град, во Делчево. Тоа е еден апсурд што ни самите Албанци не треба да го прифатат. Јас не прифаќам двојазичност, а албански може да учи кој сака на своја волја, а тоа да биде опфатено со Устав е и без потреба. Заев нема да добие ништо од Албанците, никаков глас. Прво вели ќе го смени, па после дека нема да го менува Уставот, Албанците тоа ги сфатија дека ги лаже и веќе е јасна работата дека тој сам себе си се изигра.
-Тое е продажба на државата. Не поддржувам ниту федерализација, ниту двојазичност. Заев ќе изгуби на изборите.
Жителите на Струга велат дека Албанците нема да му веруваат на Заев, имаат своја агенда и се држат до неа:
-Па знаете што, јас зборувам многу убаво Албански и тоа не ми смета, меѓутоа дека некој некого ќе го натера во Штип, Струмица, Делчево, каде што јас сум пораснал, да зборува Албански, тоа сигурно не. Не може ни Груевски, ни Заев.
– Албанците воопшто нема да му веруваат на Заев, затоа што Албанците имаат своја агенда и си се држат за неа.
-Двојазичност не треба да има, велат стружани.
Граѓаните на Штип сметаат дека со ваквата политика која ја водат Заев и СДСМ, ја распарчуваат Македонија.
-Никако двојазичност, не поддржувам такво нешто.
-Едно ќе ви кажам, двојазичноста нам не ни треба. Јас ако сум Албанец, јас ќе си зборувам дома албански или надвор со Албанци, а службениот јазик се знае, тоа е македонскиот јазик. Со ваква нивна поликитка која ја водат така на подлолен начин ја распарчуваат Македонија, ја продаваат.
-Не ни треба албански јазик. Тоа не може да биде, тие не се 50 проценти, доколку се 50 отсто може да се зборува за нешто, а они не се ниту 20 отсто. Заев мисли дека со тоа ќе дојде на власт, но нема шанси.
И граѓаните на главниот град го делат мислењето со останатите. Тие се децидни дека не поддржуваат двојазичност и федерализација.
-Треба Македонија да биде обединета, а не федерализација. Да не се изразам погрешно, сите такви политичари, што се декларираат како политичари треба да имаат лиценца, да бидат достојни, да ги почитуваат своите семејства, затоа што оваа земја дала многу жртви за ова име. Ова е стара земја со векови. Потеклото е 8 илјади години, значи стара држава, со свое писмо, со своја култура, со свои традиции и да доаѓа денес некој си, недоделкан да кажува. Албанците нема да до поддржат Заев и нема да гласаат за него.
-Не подржувам двојазичност и федерализација. Кратко и јасно.
-Глупости се тоа, никако. Може да се учи факултативно Албански јазик, но такви работи не.
Во продолжение погледнете ги ставовите на граѓаните на Битола и Велес.
Анкетираните граѓани од повеќе градови јасно порачуваат дека не ги поддржуваат политиките на Заев и СДСМ и нивниот План за рекомпонирање на македон
Пронајдете не на следниве мрежи: