АНКЕТА: Каков е односот помеѓу Македонија и соседите?

Односите со соседите се важни за Македонија, според големо мнозинство од 93,2  отсто на граѓаните. Од петте соседи, граѓаните ја перципираат Србија (42,5 %) како најпријателски сосед, по која следи Албанија (18,5 %), додека најнепријателски сосед е Грција (81,2%), а секој петти граѓанин (22,8 %) мисли дека ниту еден сосед не е најпријателски за Македонија.Ова го покажува истражувањето за ставовите на граѓаните за односите на соседите со Македонија спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС). Испитувањето на јавното мислење е направено преку теренска анкета во периодот 15 ноември до 1 декември годинава на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници со +/- 3 % грешка.
 

Како што е посочено во извештајот од анкетата, граѓаните на Македонија ги оценуваат сегашните односи со соседите со 0,11 на скала од -5 до 5.
– Ставовите за Србија и Албанија како најпријателски сосед се разликуваат меѓу етничките Македонци и Албанци, а за Грција како најнепријателски сосед нема разлики по етничка припадност и партиско симпатизерство, стои во денешното соопштението од МЦМС.

Прашани посебно за секој сосед, граѓаните на Македонија ги имаат следните перцепции за пријателското или неутрално однесување: Србија (87,1 %), Албанија (71,3 %), Косово (64,4 %), Бугарија (53,4 %) и Грција (7,95 %).
Од анкетата се констатира дека во последните пет години најмногу се подобрени односите, според перцепциите на граѓаните, со Србија (20,6 %) и Албанија (19,6 %), а секој петти граѓанин (21,7 %) смета дека не се подобрени односите со ниту еден сосед.

– Најдобри лични искуства, најмногу ја познаваат историјата и културата и најдобро мислење етничките Македонци имаат за Србија, а етничките Албанци за Албанија, се додава во соопштението.
Етничките Македонци имаат најдобри лични искуства со Србија (52%), најмногу ја познаваат нејзината историја и култура (51,9 %) и за неа имаат најдобро мислење (63,7 %).
Етничките Албанци имаат најдобри лични искуства со Албанија (44,3 %), најмногу ја познаваат нејзината историја и култура (64,8 %) и имаат најдобро мислење за неа (71,9 %).
Најмногу граѓани (39,3 %) сакаат еднакво добри односи со сите соседи, а потоа најблиски односи со Србија посакуваат 19,6 %, со Албанија 12,8 % и со Бугарија 8,9 % а најмалку со Грција (6,7 %).
Извештајот е достапен на веб-страницата на МЦМС: https://0.mk/gvsob.Ова го покажува истражувањето за ставовите на граѓаните за односите на соседите со Македонија спроведено од Македонскиот центар за меѓународна сора

Пронајдете не на следниве мрежи: