Во анкетата од што најмногу се задволни Скопјани, беа посочени неколку работи од ново изградените објекти и новите услуги за жителите на главниот град.Она што најмногу ги задоволи жителите на главниот град се двокатните автобуси за потребите на ЈСП Скопје.
Автобусите според анкетата се најкорисниот проект спроведен во градот. Анкетата била спроведена во периодот од 26 до 30 јули, врз 1.099 испитаници на територијата на градот Скопје.
Дури 51 отсто од испитаниците како најкорисен проект за граѓаните ја оцениле набавката на новите автобуси, по што следи жичницата на Водно со 23 отсто и реизградбата на стариот театар со осум отсто од гласовите. За четири отсто од скопјани најкорисен проект е некој друг, а за 14 отсто од нив нема таков проект.
На потпрашањето што е најкорисно кај новите автобуси, 37 отсто од испитаниците одговориле климатизираноста, за 33 отсто тоа е брзиот транспорт, за 21 отсто комфорот, пет отсто сметаат дека е добриот изглед, а четири отсто нешто друго.
Од скопјани 40 отсто го оправдуваат бесплатниот превоз на пензионерите во вторник, петок и сабота, а 21 отсто “не”. Одговор “не знам” дале 39 отсто од испитаните, а четири отсто немале одговор.
Главниот град се развива во добар правец за 60 отсто од испитаниците, за 21 отсто во лош правец, а 19 отсто од испитаниците немаат одговор или не знаат.
На второ место ја посочиле жичницата на Водно, а на трето место е новоизградениот Народен театар, кој го враќа духот на старо Скопје. Она што најмногу ги задоволи жителите на главниот град се двокатните автобуси за потребите на ЈСП Скопје.
Автобусите според анкетата се нај