Популарноста на Српската напредна партија (СНС) е на историски максимум со 41 отсто поддршка на граѓаните на Србија, додека Демократската партија и Социјалистичката партија на Србија (СПС) имаат по 13 отсто поддршка, покажа најновото истражување на стратеџик маркетинг.Истражувањето покажа дека Либерално демократската партија ужива поддршка на седум отсто до граѓаните, а цензусот би го минала и радикалната партија со над пет отсто.Анкетите укажуваат дека популарноста на СНС, чиј лидер е Александар Вучиќ постојано расте и дека за една година популарноста и скокнала за дури 10 процентни поени.Наспроти тоа, опозиционата Демократска партија, која во февруари 2012 година имала поддршка на 26 отсто до граѓаните, сега спадна на само 13 отсто.Граѓаните сметаат дека најчесен политичар во србија е Вучиќ, а по него следи српскиот претседател Томислав Николиќ.Поголем број од испитаниците оцениле дека актуелниот премиер Ивица Дачиќ, кој е лидер на СПС, ја заслужува премиерската функција.
МакфаксПопуларноста на Српската напредна партија (СНС) е на историски максимум со 41 отсто поддршка на граѓаните на Србија, д