Граѓаните очекуваат се и сешто од СДСМ, манипулации, лаги, интриги како оние со фантомските гласачи. Разочарани велат дека ваквото однесување на СДСМ и Зоран Заев ќе биде казнето од народот на 11 декември.ДИК го затвори и потврди избирачкиот список. Нема ни трага од фантомски гласачи, за кои СДСМ веќе две години обвинуваше и се служеше како Ас во рака за да на два пати ги одложи закажаните предвремени парламентарни избори. Бројките со кои манипулираа беа различни од 500 000 па се до 30-на илјади, но сите тие се покажаа како невистини.
Граѓаните се разочарани од ваквиот однос на СДСМ и велат дека намерно создаваат кризи и изговори како оние со фантомските гласачи за да го избегнат соочувањето со народот.
-Тие 500 000 фантоми беа вештачки направени од опозицијата по секоја цена да ја рушат власта. Се виде дека фантомите ги нема и нема ни да ги има, држава како држава си ја браниме чуваме и на 11 декември ќе ги стигне казната тие што манипулираа со народот. Штетата врз државата е многу голема, последици секако дека има, но луѓето се свесни а штетата мора да се надомести. Не познавам фантоми и до сега немало никакви проблеми, вели граѓанин на Битола.
-Нормално е дека ќе исчезнат тие 500 000 фантоми затоа што воопшто ги немаше, тие беа само измислени за да се пролонгираат изборите. Шетата врз државата е огромна , според мене се изгубени многу странски инвестиции кои би инвестирале, но сепак ги има. Сигурно на 11 декември ќе стигне казната затоа што народот гледа и слуша.
-Јас од СДСМ очекувам се и сешто. Се она што о кажуваат пред избори е чиста лага од нив апсолутно се може да биде измислено. Штетата е голема но и покрај тоа Владата успеа да издејствува добри работи.
– Мислам дека фантомите беа намерно користени за да се одложат изборите. Јас не познавам фантомски гласач. Да сигурно дека направи голема штета на државата оваа криза и ова ќе трае долго но прашање е на изборите кој ќе победи. Тоа што си го посеал тоа ќе никне и ако си се однесувал против државата значи дека ќе одговараш пред народот. Се знае: Македонија е една и крај.
-Мое мислење е дека поради не ажурирање на избирачкиот список и поради не водење на евиденција дошло до тоа да многу луѓе ги нема во избирачкиот список. Многу работи ги пропуштаат кај инвалидизираните лица, не знаат колку има ниту дали воопшто гласаат ни дали ќе ги посетат. Јас лично имам лице со инвалидитет дома и пред две години од СДСМ поминаа кај нас и им најавив дека дома имам па да дојдат за тој да може да си го исполни своето избирачко право. Но не го направија тоа. Прво одеа со 500 000 па на 300 и нешто, верувам дека тоа беше политичка игра. Многу игри се во оптек и таа игра е сигурно. Не само што и направи штета на Македонија, но не беа само во прашање фантомите, кој знае колку други работи се кријат зад тоа. Еве сега гледате дека и самиот лидер на СДСМ и неговите следбеници се судски прогонувани или има кривични пријави против нив или се сомневаат во нивната исправност, вели граѓанин на Скопје.
-Мислам дека многу работи се невистинити во сето тоа, човек треба да биде многу упатен за да донесе некоја поправилна оценка. Овие последни две години е кулминација на криза и сигурно дека има негативни последици по сите општествени сфери а најмногу по обичниот човек, тие се жртви на сите превирања.
-Знам дека сето тоа е лага и политика на СДСМ. Јас 80 години гласам и никогаш сум немал проблем на моето гласачко место, вели прилепчанец.
-Секој го знае тоа и најмало дете знае, како може фантомите јас да дојдам овде, па таму да гласам…нели имам лична карта, бележен на прстот. Тоа се само измислени работи за да се најде нешто. Сум немал проблеми на гласачко место, никогаш никој не ме прашал за кого гласам.
-Точно е дека СДСМ ја наметна кризата со фантомите. Ќе ја добијат казната на овие избори. Никогаш јас сум немал проблем на моето гласачко место.
-Изјавите кои што го даваа самите функционери од СДСМ или ги надувуваа бројките или намалуваа во зависност од нивните потреби слушавме и 500 000 и 280 000. Мое мислење е дека сето тоа беше измислено само за да се направи оваа криза и да се втурне државата во неповрат. Секако дека ова не е добро за државата бидејќи знамеме дека од секаде трпиме притисоци не само од надвор туку и од внатре . наместо да се обединуваме ние се разединуваме, вели жител на Куманово.
-Јас сметам дека фанотмските гласачи не ни постоеле. Јас бев во таа комисија на терен, ние не најдовме ниту еден фантом сите луѓе кои што требаше да ги провериме ги проверивме и беа на своите домашни адреси дури некои беа револтриани и лути што се прогласнеи за фантоми а гласаат секој изборен циклус. Државата беше уназадена со овие нивни тврдења.ДИК го затвори и потврди избирачкиот список. Нема ни трага од фантомски гласачи, за кои СДСМ веќе две години обвинуваше и се служеше како Ас во рак