Бизнис и инвестициските политики на Владата се поставени на стабилни основи, а странските вложувачи се задоволни од условите за водење бизнис и инвестирање во Македонија. Како најповолни ги посочуваат ниските трошоци, проактивноста на владините институции, како и географската локација на земјата, односно лесниот пристап до европскиот пазар. Ова го покажува најновата владина анкета спроведена изминатите три недели на 30 странски инвеститори во Македонија од автомобилската, преработувачката индустрија и други сектори.Како што соопштиja денеска на заедничка прес-конференција во Владата вицепремиерот Владимир Пешевски и Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, 96 отсто од анкетираните фирми се задоволни од инвестициската клима, 82 процента сметаат дека е одлична или многу добра, а 86 отсто повторно би ја избрале Македонија за реализација на своите инвестиции.
– Анкетата е уште една потврда за добрата бизнис и инвестициска клима во Македонија, како и за вистинската насока во која се движат владините политики. Сепак, постои голем простор за напредок поради што продолжуваат напорите за постигнување уште подобри резултати, истакна Пешевски, најавувајќи креирање нов сет-мерки во оваа сфера.
Според анкетата, над 50 отсто од странските инвеститори ги имаат проширено инвестициите во земјава, а преку 80 проценти предвидуваат отворање нови линии за производство.
– Посебно радува фактот што 93 отсто од анкетираните компании би ја препорачале Македонија како добра инвестициска дестинација кај своите партнери, што е и една од нашите цели. На овој начин, странските инвеститори во Македонија стануваат своевиден нејзин промотор и преку нивниот пренесен збор и други компании ќе пројават интерес за инвестирање во земјава, потенцира Пешевски.
Мизо се надоврза со податокот дека 68 отсто од странските инвеститори во Македонија се задоволни од владината поддршка, односно сметаат дека е таа одлична или многу добра, додека две третини или 75 отсто од компаниите кои имале какви било проблеми се задоволни од одличната ефикасност на државните институции.
Анкетата е спроведена како дел од континуираниот дијалог на Владата со странските инвеститори во Македонија со цел да се слушне нивната оценка, да се детектираат можностите за подобрување на натамошните политики и мерки, но и за да се искористат искуствата на присутните странски компании во претстојните преговори и дијалози со потенцијалните нови инвеститори.Како што соопштиja денеска на заедничка прес-конференција во Владата вицепремиерот Владимир Пешевски и Директорот на Дирекцијата за технолошко инду